Се нормализира сообраќајот на Деве Баир по три часа застој
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2017
Во моментов почнува да се нормализира сообраќајот на граничниот премин Деве Баир кон Бугарија по три часа застој.
Возилата се пропуштаат, а претходно проблем имаше со системот на бугарската страна. Возачите беа револтирани од долгото чекање за излез од земјата.
„Во 12.45 часот почнавме да пропуштаме возила и патници. Системот сега работи. Вакви работи ретко се случуваат, но од бугарска страна ние имавме најава дека ќе има застој“ - велат од Деве Баир.
На Деве Баир денеска имаше долги колони возила.