22 Мај, 2024
0.0624

СЕ ОЧЕКУВА СМЕНА НА НАЈМАЛКУ ЧЕТВОРИЦА МИНИСТРИ - ќе заминат ли Николовски, Спасовски, Царовска

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Заев, најверојатно во среда до Собранието ќе ја поднесе оставката на премиерската функција, јавува ТВ 21.

По ова, во оставка ќе биде целата Влада, а идниот владин кабинет се очекува да го состави новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски. Според она што досега беше и официјално најавено, повеќе нема да биде во Владата министерот за здравство Венко Филипче кој вчера од Охрид ја потврди ваквата одлука, а вчера своето заминување го обзнани и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која уште во мај годинава се откажа и од партиските функции. Од она што пак неофицијално се дознава од Владата заминуваат и вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски, кој најверојатно нема повеќе да биде ниту генерален секретар на СДСМ. Во идниот состав најверојатно нема да бидат ниту вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, како и министрите за правда Бојан Маричиќ и за образование Мила Царовска. Засега неизвесно останува што ќе се случи со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој според неофицијални информации заминува од оваа позиција.

Идната недела треба да се одржи и седница на Централниот одбор на СДСМ на која треба да се избере и новото раководство на СДСМ по што ќе биде познато и кои ќе бидат идните потпретседателите, како и генералниот секретар на партијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази