Се одржува првиот саем за автоделови во Македонија
Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2016 12:58
За прв пат во Македонија, на 27 Мај во Хотел Александар Палас ќе се одржи саем за автоделови на кој ќе се претстават 22 изложувачи – реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германијa.
Организатори и носители на настанот се трите реномирани дистрибутери на авто делови, Мега Ауто Партс, Крис и Том и СР Мега Ауто, членки на GAU International, компании кои повеќе од две децении се доверлив партнер на македонските компании и поединци, обезбедувајќи квалитетни и професионалнина авто услуги, потпирајќи се на долгодишното искуство, и имплементацијата на новите технологии во автомобилската сервисна индустрија. Овие компании се и увозници и дистрибутери на високо – квалитетни автоделови за патнички и моторни возила од повеќе светски брендови.
Мотивот за организирање на еден ваков настан е претставување на најновите автоделови од автомобилската индустрија, пред се квалитетни авто производи кои обезбедуваат поголема безбедност, сигурност и подобри перфоманси на автомобилите и останатите моторни возила, а кои се увезуваат во Македонија.
Саемот е наменет за редовните и потенцијалните клиенти, како што се продавниците за автоделови од разни градови од државата, сервисери на моторни возила и сите оние компании и поединци кои поседуваат возен парк и потреба од квалитетен сервис на автоделови.
Безбедноста и сигурноста при патувањето е нешто кое е бесценето, нешто со што не треба да се прави компромис. Токму поради тоа кога купуваме авто делови тие треба да бидат квалитетни, од проверени реномирани производители. Кога тие се купуваат од овластени сервисери, знаат да бидат и поевтини, а секако долгорочно да придонесат кон заштеди, истакнуваат организаторите на овој прв саем на авто делови. Целта на организаторите е да ги претстават и издвојат производителите на автоделови кои произведуваат делови за овластените сервиси одоние трговци кои се обидуваат да котираат на пазарот со слични производи, но со сомнително потекло на производство.
Бидејќи безбедноста во сообраќајот е бесценета, авто- индустријата треба да цели кон највисоки стандарди. Токму затоа, намерата на организаторите во иднина е саемот за автоделови да стане клучно место за средба на квалитетот на двете страни.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк




