СЕ ОГЛАСИ АРМИЈАТА: Хеликоптер принудно слетал
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2023
Oд армијата информираат дека во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во време околу 14 и 30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец.
По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на кварот и оспособување на хеликоптерот. Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.