Добивај вести на Viber
Започна реконструкцијата на блокот А во студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Министерот и заменик министерот за образование и наука, Абдулаким Адеми и Спиро Ристовски, денеска извршија увид во градежните работи кои што започнаа де се одвиваат во студентскиот дом.
„ Вредноста е околу 1,5 милиони евра. Рокот за изведба е шест месеци. Изготвена е и техничка документација за реновирање, односно целосна реконструкција на блоковите В и Г, на мензата и на партерното уредување на овој комплекс“- изјави министерот Адеми.
Во студентскиот дом „Гоце Делчев” нови лифтови ќе бидат инсталирани паралелно со етапното реконструирање на блоковите.
Министерот соопшти дека е отворен повикот за најавената изградба на два нови студентски дома - „Невена Георгиева-Дуња” во Скопје и студентскиот дом за Државниот универзитет во Тетово. Тие ќе имаат капацитети за 300 и за 350 студенти, а отворањето на документациите е закажано за 19 април.