21 Ноември, 2024
0.0272

Сè што треба да знаете при аплицирање за кредит

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Земањето на кредит не е само можност за исполнување на вашите потреби, туку и сериозна финансиска обврска за подолг временски период. Овој текст се осврнува на главните фактори на кои треба да обрнете внимание со цел да избегнете импулсивни одлуки и грешки при аплицирањето за кредит.

Секоја финансиска обврска треба секогаш да биде балансирана и промислена. Еве неколку точки кои мора да ги разгледате и проверите пред да аплицирате за кредит:

Вид на кредит

Ако сте дошле до идејата за кредит, значи дека веќе имате конкретна потреба која сакате да ја задоволите со парите. Финансиските институции нудат бројни кредитни производи во зависност од потребите на клиентите, на пример, за купување на куќа или стан – хипотекарен кредит; за купување на автомобил – лизинг; за разни секојдневни трошоци – краткорочен кредит или кредитна картичка; за студии – студентски кредити итн. Имајќи ги предвид различните видови на кредити, препорачуваме да ја разгледате целокупната понуда на финансиските институции и да побарате соодветна консултација, каде што претставник на компанијата ќе ви помогне да го изберете најдоброто решение. Во процесот на собирање информации поставете ги прашањата за постапката за аплицирање на кредит, времетраењето, стандардните услови и распоредот за отплата со цел да се осигурате дека ќе имате средства за навремено отплаќање на кредитот.

Избегнувајте ги измамниците

Финансиските производи станаа неизбежен дел од потрошувачкото општество. Затоа, во последниве години се активни разни измамници кои можат да се претстават како легитимни организации. Секогаш проверувајте ги јавните записи за избраниот кредитор, обрнувајќи внимание на тоа дали има добиено соодветна лиценца која дозволува обезбедување на финансиски услуги. Само на овој начин ќе можете да ги заштитите своите права, но и своите пари. Исто така, добро е да ги разгледате комуникациски канали на компанијата и коментарите од клиентите на истите, кои се релевантни индикатори за нејзината доверливост.

Колку пари ми се потребни?

Секогаш бидете критични во однос на износот на кредитот и земајте само онолку колку што ви е потребно. Ниту денар повеќе. Во зависност од кредитната институција и кредитниот производ, можете да аплицирате за кредит од неколку илјади па сè до неколку милиони денари.

Меѓутоа, ако ви е потребна помала сума, секогаш преферирајте ја можноста да ја заштедите таа сума самостојно или да ја позајмите од членовите на семејството или пријателите.

Колку долго ќе треба да го враќам кредитот?

Различните кредитни производи нудат различни стандардни услови за отплата. Кредитните институции често им овозможуваат на клиентите да изберат пократок или подолг рок на отплата. При изборот, запомнете дека пократкиот рок на отплата ќе ви овозможи да заштедите на каматите и трошоците, но месечната рата ќе биде малку повисока. Во споредба, со подолгиот рок на отплата, ќе платите повеќе на каматите во целост, но месечната рата ќе биде пониска. Кога преземате долгорочни финансиски обврски, обидете се со тек на време да издвоите слободни средства и да ги искористите за побрзо намалување на износот на кредитот.

Колку ќе платам за камати и трошоци?

Вашата каматна стапка зависи од неколку фактори, но најчесто се базира на пазарните понуди, вашиот кредитен рејтинг, износот на кредитот и рокот на отплата. Каматните стапки се разликуваат како меѓу различните категории на производи, така и меѓу различните кредитори, но во никој случај овие износи не смеат да ги надминуваат законски пропишаните проценти. Секогаш обрнувајте внимание на годишната каматна стапка и трошоците кои ги наплатува кредиторот при издавање на кредитот и подготовка на потребната документација. Споредете ги овие трошоци меѓу неколку кредитори и изберете ја понудата со најповолни услови за кредит.

Ќе можам ли да ги покривам редовните месечни рати?

Кога ќе ја добиете понудата и ќе знаете колкава ќе биде месечната рата, направете пресметка на DTI коефициентот. Овој коефициент е одличен показател за евалуација на вашата финансиска состојба и тековните финансиски обврски. Исто така, овој показател треба да ви помогне да процените дали новиот кредит ќе предизвика прекумерно финансиско оптоварување врз вашиот месечен буџет. Формулата за пресметка на DTI е едноставна:

Чекор 1: Соберете ги сите ваши месечни обврски за кредити.

Чекор 2: Поделете ги вкупните обврски за кредит со вашиот месечен приход, поделете со 100 и ќе добиете процент кој го претставува вашиот DTI.

Илустративен пример (во евра): Маја бара автомобилски кредит од 20 000 евра. Нејзините месечни приходи изнесуваат 1 000 евра, а секој месец троши 400 евра на хипотекарен заем и 50 евра на студентски кредит. Вкупните месечни обврски изнесуваат 450 евра. Нејзиниот DTI се пресметува со собирање на месечните обврски за кредит (400+50) и делење со 1000. Нејзиниот моментален DTI е 450/1000=45%.

Казнени трошоци

Во животот може да се случат разни нешта кои привремено ќе ја намалат вашата способност да ги исполнувате редовните месечни обврски. Затоа, треба однапред да се знаат санкциите што кредиторот може да ги наметне за задоцнети плаќања. Сепак, силно ви препорачуваме секогаш да се заштитите од вакви ситуации со правење мали месечни заштеди, кои можат да послужат како спас ако се соочите со краткорочни финансиски потешкотии што негативно влијаат на вашата способност да ги отплатите обврските навреме. Покрај тоа, секогаш запомнете дека во такви ситуации можете да го контактирате вашиот кредитор и, со објаснување на објективните причини, да се договорите за привремено решение, како одложено плаќање. Никогаш не ја игнорирајте месечната рата, бидејќи тоа може трајно да ја оштети вашата кредитна историја и шансите за добивање кредит во иднина!

Други детали од договорот

Во договорот секогаш се содржани деталните услови за кредитот. Погледнете ги сите детали што не се одговорени погоре или што не сте ги размислувале.

Пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

Mentor Awards 2023 - Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво

ОТСЕГА ВО CINEPLEXX „ДРУГ Е ФИЛМОТ“ - ОД СЕКОЈ АГОЛ

ОТСЕГА ВО CINEPLEXX „ДРУГ Е ФИЛМОТ“ - ОД СЕКОЈ АГОЛ

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со детска кулинарска работилница

Бимилк го одбележа Светскиот ден на детето со детска кулинарска работилница

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк

Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк

dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ВО ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ И ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СЛАВЕЈКО АРСОВ’’ ВО ШТИП

dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ВО ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ И ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СЛАВЕЈКО АРСОВ’’ ВО ШТИП

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

ОКТА со донација за целите на кампањата за борба против гладот на Црвениот Крст на Град Скопје

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“