18 Декември, 2025
0.0536

„СЕ СОГЛАСУВАМ СО ПРЕМИЕРОТ ДЕКА ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ДВЕ ОПЦИИ“: Филипче со одговор до Мицкоски - едната е напредна, другата се служи со лажни кампањи

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2025 17:17

Добивај вести на Viber

Ние ќе водиме позитивна кампања, ќе ги промовираме сите позитивни работи, проекти коишто се имплементирани од страна на нашите градоначалници, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција во Општина Центар, каде што одговараше на новинарски прашања каква кампања очекува. 

Но, Филипче посочи дека силно ќе ги критикуваат и тоа  аргументирано лошите политики и работата на градоначалниците од другите партии, а како што истакна „пред се ВМРО ДПМНЕ силно ќе го критикуваме, блокирањето на град Скопје, заради тесно партиските интереси се со цел граѓаните да гласаат врз основа на факти“.

Прашан како ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во којашто владејачката коалиција ја нарече загари, Филипче со одговор дека во оваа кампања граѓаните ќе се изнаслушаат секакви работи.

- Еве кажав каква ќе биде нашата кампања, не би навлегувал да коментирам такви изјави - вели Филипче.

Прашан пак дали очекува ВМРО ДПМНЕ да води негативна кампања, Филипче со став дека то не би го изненадило, имајќи предвид како оваа политичка партија, како што наведе, „се однесувала изминатите седум-осум години, како се однесувале минатата година, и на што се се спремни да инструираат, да направат, да измислат“.

- Морам сега да упатам една порака дека не е исто да си на власт и во опозиција. Треба малку поодговорно да пристапуваат сите чинители, кои се на власт, бидејќи работат пред се за интересот на граѓаните - рече Филипче.

Што се однесува за изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и примиер Христијан Мицкоски дека на овие избори има две опции, а тоа е СДСМ, ДУИ и Левица, Филипче со одговор дека нема таква коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и Левица.

- Не, ние немаме коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица. Меѓутоа се согласувам со премиерот дека граѓаните имаат две опции. Едната е напредна, проевропска опција, којашто нуди чесни, добри кадри, коишто покажаа како се работи за доброто на граѓаните, а тоа е СДСМ, а другата опција е ВМРО ДПМНЕ, којшто се служат со лажни кампањи, со лаги, со клевети, коишто се докажаа дека се неработници, коишто се докажаа по тоа што дека го блокираа и го запустија градот Скопје - изјави Филипче на заедничката прес-конференција со кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова.

Претходно денеска премиерот истакна дека граѓаните на овие избори имаат две опции и тоа коалицијата што ја предводи неговата партија и коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери