22 Мај, 2024
0.0276

СЕ ВИВНАА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Вакво нешто немало два месеци

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Скокнаа денеска цените на нафтата. 

Тие на меѓународните пазари го достигнаа највисокото ниво во последните два месеци, под влијанието на загриженоста за намалувањето на производството во членките на нафтениот картел Организација на земјите извозници на нафта (OPEC) и американските санкции за Венецуела.

На американскиот пазар, со барелот се тргуваше по 33 центи повисока цена, од 55,59 долари, а во текот на претпладнетно барелот достигна и највисоко ниво од почетокот на 2019 година од 55,79 долари.

На лондонскиот пазар на цената на барелот порасна за 66 центи во однос на претходното затворање на тргувањето во петокот, на 63,41 долар, а во текот на претпладневното тргување ја достигна и највисоката цена од 7-ми декември од 63,63 долари.

Организацијата на земјите извозници на нафта (OPEC) и нејзините сојузници надвор од картелот започнаа во јануари нов круг кастрење на производството, а понудатата дополнително ја намалуваат и американските санкции против Венецуела.

„Воведени се санкции на Венецуела, покрај веќе намалените понуди од Саудиска Арабија. На пазарите на сирова нафта повеќе нема никакви траги од презаситеност“, вели за Reuters Оливие Жакоб од „Petromatrix“.

Загриженоста поради можното забавување на побарувачката оваа година покрај послабата перспектива на економскиот раст и развој под притисок на трговскиот спор меѓу САД и Кина, донекаде го ограничи растот на цените. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следните седмици ќе се сретне со својот кинески колега Кси Џинпинг за да се обидат да го решат спорот. Можно е двете страни да се договорат.

Можеби ќе ве интересира

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции