Себастијан Курц кажа кога ќе продолжиме нормално да функционираме
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Октомври, 2020
До следното лето, од денешна гледна точка, можеме да се вратиме во нормала, изјави австрискиот канцелар, Себастијан Курц за австрискиот јавен сервис ОРФ.
Тој не ја исклучи можност за воведување на целосен или делумен карантин во Австрија.
Курц додаде дека има многу земји со значително поголем број заразени лица, каде што училиштата и рестораните се повторно затворени.
„Сакаме да го спречиме тоа во Австрија, ако е можно“, рече Курц.
Во Австрија од вирусот починаа 914 луѓе, а заразени се над 67.000 луѓе.
Во меѓувреме, Европа заостанува, а Кина успешно се бори со вирусот.Во многу европски земји се вратени рестрикциите.
Сега бројката на инфицирани со коронавирусот во светот се искачи на 40.7 милиони.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.