СЕМЕЈСТВОТО СО ДВЕ МАЛИ ДЕЦА Е НА БЕЗБЕДНО - биле заглавени во снегот на патот пред Хотел Радика
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2024
Семејство со две мали деца било заглавено во снегот на патот пред Хотел Радика, во близина на село Леуново. Спасувачките екипи веднаш реагирале по пријавата за инцидентот, кој бил пријавен на 112 во 11:43 часот. Состојбата на патот била отежната поради обилните снежни врнежи и големата висина на снежната покривка, која на теренот изнесувала околу 80 сантиметри.
Истата област била веќе подготвена за интервенција по друг пријавен инцидент во 10:21 часот, кога ТППЕ Гостивар добила пријава за заглавени лица во снегот кај село Леуново.
Според информациите, семејството е на безбедно, моментално се наоѓа пред хотелот Радика додека чекаат да се исчисти патот за да може да го напуштат местото.