20 Април, 2025
0.0363

Шекеринска – Каракачанов: Бугарија е подготвена да и помогне на Македонија да стане членка на НАТО

Објавено во: Македонија 01 Август, 2017 16:03

Добивај вести на Viber

Зајакнувањето на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија се од корист не само за двете земји туку и за регионот и за цела Европа – се согласија министерката за одбрана Шекеринска и нејзиниот бугарски колега Каракачанов на билатералната работна средба која се одржа по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу двете земји.

Министерката за одбрана Шекеринска се заблагодари на брзата реакција на бугарската влада која понуди помош во хеликоптери за гасење на пожарите што ја зафатија Македонија. Договорот за помошта беше постигнат на средбата на двајцата премиери Заев и Борисов, а личниот ангажман на министерот Каракачанов овозможи помошта да се реализира веднаш.

-Тоа покажува дека добрите односи меѓу соседите секогаш се од корист за брзо решавање на кој било проблем  - рече министерката Шекеринска.

Политиката на Бугарија секогаш била да ја поддржи државната независност на Македонија – рече Каракачанов и додаде дека Бугарија го става на располагање сето свое искуство и контакти за побрз прием на Македонија во ЕУ и НАТО.

-Бугарија сака да и помогне на Македонија. Контактите кои ги создадовме на нашиот пат кон ЕУ и НАТО може да ви бидат многу полезни. Кога Бугарија, Грција, но и Македонија и сите држави од регионот ќе бидат дел од ЕУ проблемите ќе се решаваат полесно. За приемот на Македонија во НАТО ја нудиме нашата експертиза и совети –рече Каракачанов.

Министрите договорија засилена соработка во одбраната, во поглед на обуките на припадниците на АРМ во Бугарија, во поглед на военото образование и воено – медицинското усовршување.

Средбата заврши со покана од Каракачанов до Шекеринска за возвратна посета на Бугарија.


Можеби ќе ве интересира

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

(ГАЛЕРИЈА) ОБЈАВЕНА Е ВЕСТА ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ: Еве каква беше атмосферата синоќа во Соборниот храм во Скопје

(ГАЛЕРИЈА) ОБЈАВЕНА Е ВЕСТА ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ: Еве каква беше атмосферата синоќа во Соборниот храм во Скопје

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИГДЕН, ПОМЛАДИТЕ ОДАТ НА ГОСТИ КАЈ ПОСТАРИТЕ: Кои се другите обичаи?

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИГДЕН, ПОМЛАДИТЕ ОДАТ НА ГОСТИ КАЈ ПОСТАРИТЕ: Кои се другите обичаи?

НА ТРПЕЗАТА ИМА ТАЗЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Што да се направи со ланското јајце кое прво е вапцано?

НА ТРПЕЗАТА ИМА ТАЗЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Што да се направи со ланското јајце кое прво е вапцано?

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА: Верниците го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА: Верниците го слават Велигден

„Секогаш вткаен во македонската музика“: почина Тоше Поп - Симонов, бројни колеги и пријатели се збогуваат со него

„Секогаш вткаен во македонската музика“: почина Тоше Поп - Симонов, бројни колеги и пријатели се збогуваат со него

МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани

НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - тинејџер (19) загина во сообраќајна незгода, излетал со возилото од патот

НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - тинејџер (19) загина во сообраќајна незгода, излетал со возилото од патот