Што пишуваат Грците за обраќањето на Туск на македонски?
Објавено во: Македонија, Балкан 28 Април, 2018 17:23
Медиумите кај јужниот сосед имаат реакции откако претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, при неговиот престој вчера во Скопје, зборуваше на македонски јазик.
За нив, постапката на Туск доаѓа во време кога јазикот и идентитетот на граѓаните на Македонија биле дел од пречките во разговорите за името. Туск изјави дека двете држави треба сами да го решат проблемот, рационално и без емоции, бидејќи рецептот не е во рацете на Брисел.
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас е дециден дека ерга омнес е клучот за решението.
„Јасно ставивме до знаење дека за ПЈРМ да добие покана за НАТО, ќе мора да ја спроведе одлуката од Букурешт во 2008 година, како и резултатите од преговорите. Другата страна мора да сфати дека мора да се согласи за ерга-омнес и да одиме кон општ позитивен договор“- изјави Коѕијас.
Американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајет во своето обраќање пред студентите во Солун ја изнесе својата оценка дека преговорите за името меѓу Македонија и Грција одат во добра насока.
Преговорите за спорот со името продолжуваат. Следната средба на шефови на дипломатии е предвидена за 3 и 4 мај во Солун.
Можеби ќе ве интересира
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје




