24 Декември, 2024
0.0671

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА МАЛАТА ВАЊА И ПАНЧЕ: Судењето продолжува денес

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. 

На минатото рочиште сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков. 

Мајката на убиената Вања Ѓорчевска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа.

Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека го нема Жежовски, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.

Адвокатот Марјан Витановски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по рочиштето изјави дека исказот на мајката на Вања, не може да се доведе во поврзаност со конкретните кривични дела кои му се ставаат на товар на првообвинетиот Љупчо Палевски, додека адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е исто така осомничен во случајот, вели дека со исказот на Зорица Ѓорчевска се расчистиле сите шпекулации.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Снежно невреме предизвика хаос во делови од Македонија, но и во регионот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Снежно невреме предизвика хаос во делови од Македонија, но и во регионот

АХМЕТИ: Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги

АХМЕТИ: Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВЕЧЕРВА: Најлошо е во Кичево

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВЕЧЕРВА: Најлошо е во Кичево

ЗАГЛАВЕНИ КАМИОНИ НА СТРАЖА: Има забрана за тешки товарни возила на сите превои

ЗАГЛАВЕНИ КАМИОНИ НА СТРАЖА: Има забрана за тешки товарни возила на сите превои

ЛДП: Да се забрани Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

ЛДП: Да се забрани Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

Обвинение за штипјанецот кој ја задави Емилија

Обвинение за штипјанецот кој ја задави Емилија

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал