ШВЕЃАНИТЕ СЕ ПРЕМИСЛИЈА: Ќе преземат строги мерки, бројот на заболени од коронавирусот расте
Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Октомври, 2020
Досега беа опуштени, но сега Швеѓаните преземаат строги мерки за да го спречат ширењето на коронавирусот.
Многу нови случаи на заразени има во Стокхолм и во Упсала.
Идната недела ќе се знае какви строги мерки ќе стапат на сила.
Д-р Јоаким Роклов од Универзитетот „Умеа“ објаснува дека земјата ќе се префрли на стратегијата што е поблиска до онаа што ја усвоиле повеќето други влади. Така, локалните власти ќе почнат со препораки за избегнување на јавни места, како што се трговски центри, музеи, спортски сали, концерти и спортски натпревари. Може да се побара од Швеѓаните да избегнуваат јавен превоз и контакт со оние кои важат за најранливи.
Јохан Нојд, кој е на чело на одделот за инфективни болести во Упсала, вели дека ќе се воведат поостри ограничувања за градот, како нови правила за угостителството ако бројот на заразени продолжи да расте.
Во светот бројот на заразени со коронавирусот се искачи на 40.3 милиони.
Во Шведска вирусот е потврден кај повеќе од 100.000 луѓе, а скоро 6.000 починаа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.