28 Ноември, 2024
0.0280

СКОПСКО постави пловни препреки на Сатеска и Даљан во рамки на платформата за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“

Објавено во: Мои пари 12 Август, 2023

Добивај вести на Viber

СКОПСКО во рамки на својата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ постави пловни препреки на реките Сатеска и Даљан. Главна цел на платформата е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и намалувње на загадувањето. Двете реки се идентификувани како едни од поголемите загадувачи на езерото со пловен и пакувачки отпад и со овие препреки директно се адресира тој проблем.

„Благодарение на потрошувачите кои се вклучија во иницијативата за издвојување 1 денар од секое продадено стаклено шише со посебна етикета Скопско и Скопско Smooth, беа обезбедени средства за поставување на пловни препреки, акции за чистење на крајбрежјето и дното на Охридското Езеро и активности за подигнување на свесноста. Во фокусот на Скопско како бренд останува да ги инспирира луѓето да се обединат за подобра иднина, бидејќи заедно ја делиме одговорноста да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја.“ – изјави Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје, истакнувајќи дека овој проект е во согласност со заложбите на Пивара Скопје за одржливост и Свет без отпад до 2030 година, како и за намалување на ЦО2 емисиите на компанијата до 2040 година.

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска се осврна на партнерскиот однос на Министерството со севкупната бизнис заедница заради спроведување на зелената агенда и реализирање на заеднички иницијативи за заштита на животната средина. „Од огромна важност е соработката на институциите и компаниите во напорите за развивање на одржливо управување со отпад преку селекција, собирање и рециклирање на отпадот. Со воспоставување на солиден дијалог локалната власт, централната власт, бизнис заедницата, новинарите па и сите останати граѓани можеме да придонесеме за заштита на Охридското Езеро но и солидно управување со отпадот. Обединети, преку силни партнерства, можеме да обезбедиме одржлива иднина. Пивара Скопје е пример за општествено одговорна компанија со реални проекти кои прават видливи промени.“ - рече заменик министерката Оџаклиеска.

Пловните препреки на Сатеска и Даљан што ги поставија стручните тимови на Пакомак ќе функционираат како физичка бариера која го сопира пловниот и пакувачки отпад за да не заврши во Охридското Езеро. „Отпадот ќе се собира, селектира и рециклира што е еден од најлесно применливите модели од циркуларната економија кон која стремиме. Горди сме што сме дел од овој проект и што заедно со Пивара Скопје во континуитет работиме на ефикасни решенија за одржливост и зелена иднина.“, изјави Ико Брдароски, Менаџер за развој на бизнис и комуникации во Пакомак. 

„Благодарен сум на Скопско за оваа иницијатива со која ќе се спречи огромни количини отпад од Сатеска и Даљан да завршат во Езерото. Општина Охрид активно работи на низа проекти и активности за заштита на Охридското Езеро и подготвени сме да поддржиме вакви и слични иницијативи и да соработуваме со сите затоа што заедничка одговорност е да го исчистиме, чуваме и заштитиме нашиот бисер.“ – изјави градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

„Воодушевен сум што Скопско ја препозна потребата за поставувањето на пловната препрека токму на сливот на Сатеска. Општина Дебрца останува посветена на заштита на Охридското Езеро и отворена за соработка на сите платформи со заедничка цел зачувување на природното богатство на нашиот крај.“ – рече на прес конференцијата Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца.

Во досега реализираните активности се вклучија нуркачките клубови, волонтери, активисти од трите општини и многу заинтересирани граѓани кои заедно чистеа на повеќе локации во и околу езерото. Во изминатите неколку недели се организираа акции за чистење во Охрид, Струга и Дебрца и на трите локации беа собрани 200 кеси со отпад.

Скопсково рамки на платформата „Наша гордост, наша одговорност.“ продолжува со кампања за подигнување на свесноста и упатува апел до сите да се вклучат во акциите што ќе следат и заедно да направиме позитивна промена. Повеќе информации и можност за пријавувањеза акциите за чистење може да се најдат на веб страната skopsko.mk.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции