Славчо Попоски открива какво лето не очекува
Објавено во: Македонија 29 Април, 2018 08:25
Вели дека ова лето ќе биде доста потопло од претходните. Оние кои веќе ги планираат одморите треба да знаат дека се очекува долго и топло лето.

„Претстојното лето во нашата држава, но и во регионот треба да биде потопло од вообичаеното, а исто така според последните анализи би требало да имаме поголем број на топлотни бранови додека температурите на воздухот треба да се искачуваат до и околу 40, а не се исклучува можноста дури и да го надминат 40-тиот степен. Вакви температури на воздухот треба да очекуваме во периодот јуни, јули и август. Што се однесува пак до врнежите тие треба да бидат во границите на повеќе годишниот просек што значи просечно количество на врнежи за едно лето. Секако и покрај ова не треба да ја исклучиме можноста и за повремени освежувања и влажни воздушни бранови кои би условиле посвежо и врнежливо време. Сепак во глобала пред нас е едно подолго и потопло лето“ - вели Попоски.

Инаку, за 1 мај Попоски најави дека дури луѓето ќе можат да се разладат во реките и езерата.
Попоски секоја најава за времето ја споделува на својот сајт метеомакс, но и на социјалните мрежи.
Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје




