СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 30 СТЕПЕНИ: Ни доаѓа уште поизразен топлотен бран од Африка
Објавено во: Македонија 03 Април, 2024
Според она што моментално го цртаат нумеричките модели, следната седмица територијата на Македонија би можела да биде зафатена од уште поизразен топлотен бран од Африка и од многу високи температури на воздухот, кој сигурно би надминувале и 30 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Овој пат овој топлотен бран би го зафатил поголемиот дел од Европскиот Континент, но да повториме, ова е сосема вообичаено за овој период од годината да имаме вакви високи температури, поради тоа што и порано се случувало да биде вака топло во пролетните месеци, но и да биде присутна Сахарската прашина и песок.
Ние во нашата сезонска анализа за оваа пролет веќе кажавме дека таа ќе биде топла со натпросечно високи температури на воздухот“, вели тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.