Слободни близу 5000 работни места во Македонија
Објавено во: Економија 02 Септември, 2013 14:28
Близу 5.000 слободни работни места имало во Македонија во второто тримесечје годинава. Од нив најголемиот дел се во скопскиот регион 1.617.
Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на слободни работни места во вториот кваратал изнесува 4.873, при што стапката изнесувала 1,14 проценти. Највисока стапка на слободни работни места има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна и изнесува 3,9 отсто, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што стапката изнесува 0,06 отсто.
Најмногу слободни работни места има кај петпријатијата со 10 до 49 вработени каде стапката изнесува 1,59 отсто. Во второто тримесечие во овие претпријатија имало 1.559 слободни работни места.
Најголем број на слободни работни места, односно 1601, има за Работници во услужни дејности и продажба.
Можеби ќе ве интересира
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно




