Снег и дожд ширум земјава
Објавено во: Мои пари 05 Март, 2015 10:27
Денеска ќе биде врнежлив ден.
Локално, во јужната половина од земјата, попладне врнежите ќе бидат со пороен карактер. На планините над 1500 метри врнежите ќе бидат од снег. Навечер висинската грница на снежните врнежи ќе се намалува, со што ќе се создадат услови за врнежи од снег и на повисоките неселени места, особено во северната половина од земјата.
Во текот на денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Во текот на вечерта ветерот ќе ја намали значително брзината и ќе го промени правецот во северен.
Минималната температура ќе има вредност околу 4°С низ поголем дел од населените места. На повисоките места минималната температура ќе се ќе има вредност околу -1°С.Максималната температура во поголемите населени ќе има вредност малку под 10°С. На повисоките места таа ќе има вредност околу 3°С.
Во скопската котлина очекуваме облачно и врнежливо време. Во текот на вечерта планините околу скопската котлина очекуваат снег. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено и засилен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С. Максималната температура ќе има вредност околу 7°С.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк




