Со форуми ќе се намалува невработеноста во Македонија
Објавено во: Економија 30 Август, 2013 19:04
Преку форуми со работодавачите, Владате ќе ја намалува невработеноста во Македонија. Проектот е замислен како низа дебати каде ќе учествуваат и работодавачи и претставници на Агенцијата за вработување и на Националниот совет за конкурентност. На нив ќе се дискутира кои се најдобрите мерки за поттикнување на вработувањето и кавни квалификации на кадрите што се потребни на приватниот сектор.
Целта е, информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, да се зголеми информираноста на работодавачите за активните мерки кои треба да поттикнат нови вработувања и да се разменат искуствата.
Според планот, до 30 септември ќе се одржат форуми во 28 општини каде ќе учествуваат околу 400 приватни компании.Преку националното тело кое помага во организација на овие форуми, забележа директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, службите ќе се обидат да увидат која мерка најмногу ќе им помогне на работодавачите, по што ќе се обидат да одговорат на нивните барања.
Можеби ќе ве интересира
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно




