Добивај вести на Viber
Неправилности во постапките за јавни набавки, отсуство на пресметка за вредноста и роковите за реконструкција на фасадите и изградба на објектите во централното градско подрачје, незаконска исплата на надоместоци на советници- ова се дел од неправилностите што ги констатирал Државниот завод за ревизија на Град Скопје за периодот во 2014 година.
Неправилности се констатирни и во тендерската документција за изградба на катните гаражи „Тодор Александров“ и „Македонска фаланга“. Во документацијата за гаражата „Тодор Александров“ ревизорот нотирал дека поради неисполнување на условите Градот го раскинал договорот со избраниот понудувач, и потоа склучил договор со второрангираниот, со вредност на договорот намалена за вредноста на веќе изведените градежни работи од страна прворангираниот понудувач. При тоа ревизорите констатирале дека во периодот од 2013 до 2015 година биле склучени повеќе анекси кон основниот договор со кои се продолжувал рокот за изградба. Освен овие анекси за продолжување на рокот, поради недостатоци во предмер пресметката од основниот договор кои биле констатирани од страна на економските оператори уште во текот за постапката за јвни набавки, Градот Скопје склучил и три Договори за изведба на дополнителни и непредвидени работи.Иако за оваа катна гаража првично било пресметано дека изградбата ќе чини 11,7 милиони евра без ДДВ, сепак со склучените анекс договори цената за изградба се зголемила на 650 илајди евра
Пробивање на роковите за изгрдба се констатирани и кај катната гаража „Македонска фаланга“ за што исто така се склучил Анекс кон основниот договор. Првичниот рок согласно договорот бил 12 април 2013 година, но потоа со Анексот се продолжил до 12 август 2013 година. Но и овој рок се пробил до 1 април 2014 година, иако за тој рок не бил склучен Анекс. Ревизорот нотира дека поради некомплетност на основната предмер пресметка која не содржи позиции за давање понуда за молерски, браварски, столарски работи, пристапни сообраќајници и друго, во периодот од 2011 до 2013 година се склучиле пет договори за изведба на дополнителни и непредвидени работи во вкупен износ од над еден милион евра без вклучен ДДВ.
„Тендерската документација со барање за достава на документи без наведување на целта поради кои истите се бараат, а кои подоцна не се земени во предвид при рангирањето и склучувањето на договорите, спецификациите кои не се во согласност со изведбените проекти придонесуваат за склучување на договори за дополнителни и непредвидени работи и анекси за продолжување на рокот за извршување на работите и за непочитување на основните постулати на Законот за јавни набвки, како што е ограничување на конкуренцијата меѓу економските оператори во процесот на доделување на договорите за јавна набавка и рационално и ефикасно искористување на средствата“, посочува овластениот ревизор.
Се препорачува да се внимава на изработката на тендерската документација во однос на наведувањето на барањата, условите и критериумите, а посебно при изработката на предмер пресметките.
Истражувањето на Центрот за граѓански комуникации покажува дека прв на листата на десетте институции со најголема вредност на Анекс договори е токму е Градот Скопје, со сума од 6,68 милиони евра. Најтешкиот Анекс договор во однос на вредноста Град Скопје го склучил со градежната компанија Бетон за дополнителни работи за изградба на објектот Градска куќа, во износ од 3,16 милиони евра.