05 Октомври, 2024
0.0312

СО ПЛАТА ЕДВАЈ ПОВИСОКА ОД МИНИМАЛНАТА ЌЕ ПРОДАВААТ КРИМИНАЛНО СТЕКНАТ ИМОТ - кадар бара Агенцијата за управување, еве што се нуди

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Агенцијата која го продава одземениот имот стекнат од нелегални активности или подобро речено од криминал, бара да вработи нови луѓе, бидејќи имала зголемен обем на активности, ама изгледа нема доволно средства да им обезбеди и мотивирачки плати.

Односно, тие се движат од 22 илјади, помалку од она што од март годинава ќе изнесува минималната плата во земјава, па преку 23, 25 и едвај 29 илјади денари, што исто така не се смета за сериозен месечен паричен надоместок за една ваква сензитивна институција.

Како што е познато, сега минималната плата е 20.175 денари, а од март годинава таа ќе биде на ниво од 22.500 денари. 

На веб страницата на Агенцијата за управување со одземен имот е објавен оглас за вработување на пет лица и тоа на определено време, поради, како што напишале оттаму, зголемен обем на работа, и тоа до крајот на оваа година.

Првиот кадар што се бара е соработник-преведувач на албански и англиски јазик, во Одделението за нормативни и правни работи. Од него се бара да има ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, од областа наука за книжевноста, потоа активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, најмалку една година работно искуство во струката, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија, односно англиски, француски или германски. Неговата нето плата ќе биде 28.600 денари.

Се бара и помлад соработник за материјално – финансиско работење во Одделение за сметководство и плаќање при Секторот за финансиски прашања со локација на работно место во Скопје. Треба да има завршено високо образование и тоа економски науки или организациони науки и управување, односно менаџмент, како и компјутери и јазици. Неговата плата ќе биде 25.400 денари.

Третата позиција ќе биде самостоен референт за евиденција на одземен имот, во Одделението за преземање и евиденција на одземен имот. Овој кадар треба да има ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, а покрај познавање на комјутери и еден од јазиците, да има и најмалку три години работно искуство во струката. Ќе зема плата од 23.000 денари.

Се бара и еден возач кој ќе биде платен 22.100 денари, како и чувар, кој ќе ја има истата плата.

Вчера заврши рокот за доставување на пријавите, а изборот на кандидатот ќе се изврши најдоцна во рок од три дена. Постапката ќе ја спроведе Комисија формирана од страна на директорот на Агенцијата за управување со одземен имот.

Агенцијата за управување со одземен имот во последниов период беше во фокусот на јавноста со продажбата на трите луксузни стана на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кои беа купени од фирмата на неговиот син Јордан.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови