27 Ноември, 2024
0.0536

Социјалното претприемништво е голема шанса за младите да заработат и придонесат за заедницата

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Младите ги интересира нов вид на социјално одговорен бизнис кој носи профит, а истовремено не ја загадува животната средина и придонесува за унапредување на заедницата или решавање на одреден општествен проблем.

Според Ирина Јаневска од АРНО, социјалното претприемништво е голема шанса за младите претприемачи бидејќи постојат голем број на можности, а исто така достапни се многу алатки за подобрување на финансиската писменост и едукација.

„Во моментов во светот постојат многу повици за поддршка на социјална и зелена економија, тоа е супер, затоа што сите препознаваат дека новите видови на економија се иднината, и дека на оние кои што сакаат да почнат да се занимаваат со зелени социјални бизниси им треба поддршка. Во Македонија постојат неколку програми, една од нив е програмата која што ја води АРНО, станува збор за RISE програмата. Односно ние сме национален инкубатор којшто е во рамки на овој проект вклучен да ја имплементира програмата за поддршка на млади социјални предприемачи или RISE“, вели Јаневска во краткиот поткаст за финансиска писменост кој официјално го започна тимот на Фактор.

Не се само парите важни, важно е некој да верува во вас, потенцира таа нагласувајќи дека достапноста до ментори е од големо значење кога се започнува бизнис.

„Важно е да имате луѓе на кои можете да им се јавите, да им побарате совет кога ќе заглавите, и тоа не само совет за продажба или кој било аспект на функционирање, туку можеби за менаџмент. Ние се наоѓаме во една нова димензија на работење каде што наеднаш од другари и братучеди стануваме соработници во фирма. Зборуваме за распределба на средства, улоги, значи може да се и менаџерски совети“.

Преку овие програми можат да се посетат многу различни работилници, кои ќе ги зајакнат вештините.

„Една од тие работилници зборува на пример за бизнис моделирање, што значи да се продава, што значи да се има процент или друг концепт на генерирање профит. Исто така преку некои од работилниците зборуваме за маркетинг, за брендинг, како да се настапи на пазар, нешто што е многу интересно и ново бидејќи недостасува во формалното образование е едукација за финансиска писменост“, дополнува Јаневска.

Ако нешто исклучува социјалната економија тоа е себичност, па така во овој нов економски еко-систем се повеќе се споделуваат информации.

„Кога зборуваме за социјално претприемништво ние по дифолт зборуваме за споделување на знаење, за споделување на информации, за грантови, што повеќе луѓе аплицираат, што повеќе програми има, тоа значи подобра економија. Исто така тука е и Центарот за социјални претпријатија, кој што се основаше во нашата земја, тој служи како ресурсен центар, каде што можат да појдат сите социјални претприемачи“, заклучува таа.

Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември