СООБРАЌАЈОТ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ПАТОТ КРАТОВО - ПРОБИШТИП ВО ПРЕКИН: снег на повеќе места во Македонија
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2024
Поради наноси од снег, од 07:00 часот во прекин е сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Кратово - Пробиштип, соопшти АМСМ
Сообраќајот кон Пониква се одвива непречено по една коловозна лента, исто така и кон село Бели, а од страна на граѓаните кои протестираат е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
и Пијанечко-Малешевскиот регион утрово е под снежна покривка која е најизразена на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.
- Патиштата се проодни, а сообраќајот засега се одвива без проблеми. Апелираме да се почитува сообраќајната сигнализација и да се почитуваат условите на патот - истакнаа од подружницата на Македонија Пат.
Од делчевските воспитно образовни установи известија дека превозниците кои сообраќаат до училиштата во руралните средини навреме ја извршиле својата обврска.
Во моментот во делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во с.Тработивиште, како и на подрачјето на с.Ѕвегор во близина на Граничен премин Делчево.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.