Добивај вести на Viber
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека се преземаат зголемени мерки и активности за безбедноста на граѓаните.
Тој изјави дека поради многуте кражби и деликти потребно е да се зголеми безбедноста и да се преземат сериозни мерки.
„Од страна на командирот на полициската станица и од страна на началникот на СВР Скопје информирани сме за преземањето на активностите, за степенот на криминалитетот, за превенцијата којашто е во ова подрачје. Навистина имаме подобрување. Меѓутоа, тоа е далеку од потребното и од очекуваното“, речеи Спасовски.
Мерките ќе се преземат во сите полициски станици во Скопје со цел безбедноста на граѓаните да биде едно поголемо ниво и покрај моменталната стабилна состојба.
„Секогаш треба и може подобро од ситуацијата која ја имаме денес“, рече Спасовски.