Спасовски: Одговорноста за доделениот пасош за Украинецот не е на МВР
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2022
Министерот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција, запрашан за мислење по информацијата во јавноста дека Владата на седница во мај му одобрила македонски пасош на контроверзниот поранешен украински политичар Олександр Онишченко, кој е познат по луксузниот начин на живот, рече дека одговорноста во овој случај не е на МВР.
Македонското државјанство го добил врз основа на спортски критериуми како учесник во коњички спортови. Во позитивното мислење се вклучени четири инстанци – матичната коњичка федерација, во овој случај за коњички спортови, Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за спорт и млади и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
- Тоа е државјанство кое не го донесува МВР, туку Владата. Добил позитивно мислење од четири институции и на крајот Владата одобрилаа дозвола. Сите проверки се позитивни, а за детали треба да ги прашате органите кои ги прават тие проверки - во овој случај четирите институции. Не може да правиме перцепции во јабноса на основа на шпекулации, документите се позитивни, рече Спасовски.