СПАСОВСКИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО ГАЛАТЕ: Сметам дека е неоправдано и го осудувам приведувањето
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2024
Екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го осуди приведувањето на жител на селото Галате и вели дека институциите треба преку дијалог да најдат решение за црквата.
„Сметам дека е неоправдано и го осудувам приведувањето на било кој во еден ваков случај и секако дека не треба да се посегнува на таков начин на однесување кога станува збор за верски објекти, институциите треба преку дијалог да најдат соодветно решение“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.
Вели дека во земјава не треба да се случуваат меѓуетнички инциденти.
Полицијата синоќа соопшти дека две лица се приведени и по обавен разговор се пуштени.