Спортски обложувалници фатени во Канџа
Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2014 18:30
Решенија за забрана за работа поради незаконско работење без лиценци добија спортски обложувалници во Гостивар и Тетово во рамки на продолжението на акцијата „Канџа“ на МВР и на УЈП Акцијата била спроведена вчеравечер на подрачјето на овие два града.
Акциска контрола била извршена во 17 објекти, од кои 12 на подрачјето на Тетово и тоа Германија, Типико, Журнал и повеќе обложувалници без име како и во 5 на подрачјето на Гостивар и тоа Еуро Шанса, Германија и неколку други без име, поради сомненија зе незаконско организирање игри на среќа.
Контролираните објекти во Тетово и Гостивар работеле незаконски, односно не поседувале лиценци за работа. Во 13 објекти од страна на УЈП се констатирани 12 кривични дела по чл.156, осум прекршоци по чл.158 и два прекршока по чл.151 од Законот за игри на среќа и за забавните игри. На сите каде беа констатирани неправилности им се издадени решенија за забрана на вршење на дејност. Во акцијата се легитимирани 47 лица, приведено е едно лице заради утврдување на идентитет, а еден малолетник е предаден во СВР Тетово, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Во рамките на контролата се одземени 114.875 денари и 230 евра, 37 телевизори, 27 монитори, 21 компјутер, 21 печатачи, 10 апарати за игри на среќа, седум куќишта за компјутер, три процесори, два ресивери, две покер маси и еден читач.
Според МВР, контролите се реалчизирани успешно, без посериозни инциденти, освен во еден случај каде при контрола на објект во село Речица се собрала група од околу 20 граѓани која насилно ги истуркала членовите на тимот надвор од објектот поради што контролата не била целосно спроведена. - Во спортска обложувалница без име на фирма, сопственост на Н.А.(1956) од с.М.Речица-Тетово, додека службени лица на УЈП составувале Записник за констатирана состојба, во објектот влегле повеќе лица, кои почнале да им се закануваат, а притоа на инспекторот насилно му бил одземен Записникот и другите документи, при што биле расфрлани на подот. Во исто време, на улицата која оди до објектот била поставена блокада со возила „Пасат“ и „БМВ“, а се собрале и поголема група граѓани. По кратко време, од страна на полициски службеници блокадата е одстранета и лицата се разотишле. Во консултација со Јавното обвинителство, по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена содветна пријава во редовна постапка, соопшти МВР.
Акциската контрола е продолжение на февруарската акција „Канџа“ во која кај 12 спортски обложувалници од страна на УЈП се констатирани прекршоци по чл.158 и кривични дела по чл.156 од Законот за игри на среќа и за забавните игри, а исто така беа издадени решенија за забрана на вршење дејност. Тогаш беа легитимирани 122 лица, а при легитимирањето се пронајдени две лица по кои се трагало по распишана потерница. Одземени се 263.453 денари и 440 евра, 55 телевизори и други апарати кои служеле за приредување игри на среќа
Можеби ќе ве интересира
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА




