12 Мај, 2024
0.0272

ССК на Економска мисија за зголемување на деловната соработка помеѓу Македонија и Албанија

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Бизнис делегација од Сојуз на стопански комори на Македонијазаедно со делегација на Комората на Северозападна Македонијаучествува во 3 дневнаЕкономска мисија во Албанија чиј фокус е интензивирање на деловната соработка и воспоставување на нови бизнис релации помеѓу компаниите од двете држави.

Во рамки на Економската мисија се остварија состаноци со Премиерот на Албанија, г-дин Еди Рама како и состаноци со повеќе министри од Владата на Албанија како што се: Министер за транспорт и инфраструктура, Министер за економски развој, туризам, трговија и претприемништво, Министер за финансии, Министер за земјоделие, рурален развој и водостопанство, Министер за енергија и индустрија, и Министерот за иновации и јавна администрација. Дополнително во рамки на посетата ќе се остварат средби и со претседателите на Стопанската комора на Тирана и Сојузот на стопански комори и индустрија на Албанија, градоначалниците на Тирана и Драч, директорот на пристаништето во Драч како и претседателот на Стопанската комора во Драч.

За последниот дел од Економската мисија е предвидено одржување на голем Бизнис и инвестициски Форум во Тирана во соработка со Сојуз на стопански комори и индустрија на Албанија и Стопанската комора на Тирана на кој ќе учествуваат компании од Македонија и Албанија, Министерот за економија на Албанија, Амбасадорот на Македонија во Албанија како и Албанскиот Амбасадор во Македонија.

Целта за организирањето на Економската Мисија во Албанија е креирање на конкретни можности за зголемување на деловната соработка и директно соочување со одредени проблематики кои влијаат на условите за водење бизнис помеѓу двете држави. Македонија и Албанија се земји со средно висок доход кои поминаа долг процес на транзиција кон пазарно стопанство и спроведоа голем број реформи насочени кон подобрување на деловното окружување и привлекување на странски инвеститори со цел да се зголеми економскиот раст. Двете држави се членки на Светската трговска организација (СТО) и потписнички на Договорот за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА) 2006.

Македонија и Албанија немаат голем обем на трговска размена. Италија се уште останува најважниот трговски партнер за Албанија. За Македонија, ЕУ е се уште најголемиот трговски партнер при увозот и извозот, а Германија е најважниот партнер.

Главните ограничувања што ја попречуваат деловната соработка помеѓу Македонија и Албанија може да се резимира на следниот начин:

  • Има многу малку информации и анализи достапни за бизнисите на двете страни околу можностите за трговија и инвестиции во другата земја.
  • Поголем дел од производите и индустриите во Македонија и Албанија не се комплементарни туку меѓусебно конкурентни.
  • Македонските производи не се многу ценовно конкурентни на албанскиот пазар поради високите транспортни трошоци вградени во цената.
  • Недостаток на точни и веродостојни статистички информации потребни за креаторите на политики и бизнисмените во Албанија претставува проблем за зголемена соработка помеѓу двете земји.

Покрај општите пречки во некои полиња, постојат следните прашања што се однесуваат на конкретни сектори:

  • Македонскиот и албанскиот земјоделски сектор ги споделуваат скоро истите ограничувања, од кои најважни се ограничената конкурентност на земјоделството и прехранбените производи, најмногу поради скапите и послабо продуктивни технологии за производство, недостаток на еднообразен квалитет и недостаток на дополнителна вредност и финализирање на производи.
  • Во текстилните сектори во Македонија и Албанија доминираат бизниси преку договори и ниска додадена вредност на производите. Има потенцијал за заеднички настап на трговски саеми, организирање Б2Б настани и поканување на потенцијални купувачи да ги посетат соодветните компании во двете земји.
  • Македонија и Албанија имаат различно ниво на развој на туризмот и инфраструктура поврзана со туризмот. Сепак, имајќи ја во предвид сличноста на природните убавини, постои голем потенцијал да се подготви заедничка туристичка понуда за да се привлечат туристи кои се заинтересирани за различни видови на туризам. Покрај тоа, постои потенцијал за зголемување на соработката во оваа област преку усогласување на стандардите за категоризација на туристичките и угостителските капацитети.

Сојуз на стопански комори има потпишано Меморандум за соработка со Индустриската Стопанска комора од Драч со кој се охрабруваат и подржуваат иницијативите за унапредување на соработката, промоцијата и развојот на компаниите од двете земји.

Дополнително, Сојуз на стопански комори во соработка со Институтот за современи истражувања од Албанија, го реализираше проектот финансиран од ИПА програмите на ЕУ за прекугранична соработка со наслов “Подобрување на бизнис соработката во прекуграничниот регион”во период од 2013 до 2015 година, преку кој беа подготвени и доставенидо соодветните институции Предлог Политики за подобрување и зајакнување на соработката во поглед на размената на информации за економските и трговските активности во двете земји, зајакнување на заедничка туристичка промоција, зајакнување на активностите за промоција на извозот на македонските производи на албанскиот пазар, зајакнување на контролата на квалитетот и лабораториски испитувања, поддршка за подобрување на размената на информации меѓу националните статистички организации, како и поддршка на иновации на малите и средни претпријатија во Македонија и Албанија.

Можеби ќе ве интересира

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?