20 Март, 2023
0.0233

ССМ: Дали Владата сака да заштеди?Повисока минимална плата од април, наместо од март

Објавено во: Економија 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

 Сојузот на синдикатиите на Македонија реагира дека Министерството за труд и социјална политика, објавувајќи ја новата висина на минималната плата, во Службен весник стои дека таа започнува да се смета од месец април, наместо законски во март, како што претходно беше објавувано и по медиумите.

- Министерството за труд и социјална политика да ја корегира вчерашната објава во Службен весник  во која е наведено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Северна Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739 денари. 

ССМ смета дека „Владата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници“, реагираат од синдикалната организација.

Од таму истакнуваат дека „се сериозно загрижени и изненадени од обидот на Владата преку Министерството за труд и социјална политика да ги манипулира најниско платените работници, тие кои всушност очекуваат грижа и заштита од државата која претендира да биде демократска, социјална и европски ориентирана“.

- Во Службен весник бр 58 од 16.3.2023 година е објавено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Северна Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739,00 денари. Оваа објава е спротивно на измената на член 4 од Законот за минимална плата направена со Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата службен весник бр. 41 од 24 февруари 2022 година со кој е уредено дека исплатата на ново утврдената висина на минималната плата ќе се врши со исплата на платата за месец март тековната година. На овој начин државата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници и граѓани што е преседан во однесувањето на демократските системи и влади, пишува во соопштението на ССМ

Сепак, од таму се надеваат дека станува збор за техничка грешка и дека неправдата ќе биде исправена,со корекција на објавата од страна на Министерството за труд и социјална политика објавена во Службен весник и нејзино усогласување со законските измени.


Можеби ќе ве интересира

ГАЗДИТЕ АКО ТРЕБА ЌЕ ГРАДАТ И ИНТЕРНАТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО, САМО ДА ДОЈДАТ - Ангел Димитров кажа од каде може да се увезе работна сила

ГАЗДИТЕ АКО ТРЕБА ЌЕ ГРАДАТ И ИНТЕРНАТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТРАНСТВО, САМО ДА ДОЈДАТ - Ангел Димитров кажа од каде може да се увезе работна сила

Расте цената на златото, допрва ќе има побарувачка

Расте цената на златото, допрва ќе има побарувачка

Угостител од Истра не може да најде готвачи и келнери, платите се до 2.000 евра

Угостител од Истра не може да најде готвачи и келнери, платите се до 2.000 евра

КОГА НАЈАВА ЗА ОТКАЗ ДОБИВАШ ПРЕКУ ПОРАКА - првиот човек на „Амазон“ најави уште 9.000 отпуштања

КОГА НАЈАВА ЗА ОТКАЗ ДОБИВАШ ПРЕКУ ПОРАКА - првиот човек на „Амазон“ најави уште 9.000 отпуштања

КОЛКАВИ МЕСЕЧНИ ПАУШАЛИ ЌЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИТЕ ВО „ТЕТЕКС“ - компанијата ги објави бројките, има и мали промени во Одборот

КОЛКАВИ МЕСЕЧНИ ПАУШАЛИ ЌЕ ДОБИВААТ ДИРЕКТОРИТЕ ВО „ТЕТЕКС“ - компанијата ги објави бројките, има и мали промени во Одборот

ГЛАВЕН ДОБАВУВАЧ НА НАФТА ВО КИНА: Не е Саудиска Арабија, туку Русија

ГЛАВЕН ДОБАВУВАЧ НА НАФТА ВО КИНА: Не е Саудиска Арабија, туку Русија

КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?

КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?

АД Железници го доби осмиот директор за пет години

АД Железници го доби осмиот директор за пет години

Ковачевски: Нема да се враќаат пари од субвенционираната струја, договорот беше џентлменски

Ковачевски: Нема да се враќаат пари од субвенционираната струја, договорот беше џентлменски