16 Декември, 2025
0.0352

Startup Weekend Skopje почнува од 19 септември

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2014 10:09

Добивај вести на Viber

Од 19-21ви Септември 2014год. во просториите на New Man`s Business Accelerator ќе се одржи овогодишното издание на Startup Weekend Skopje. На тридневниот настан, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите иновативни идеи, да креираат тим и да добијат интересни награди, меѓу кои и шанса за финансирање од страна на најдобрите бизнис акселератори во Македонија и странство. Учесниците ќе добијат уникатна можност да бидат обучувани од страна на најдобрите претприемачи, маркетинг експерти, стартап ветерани и специјалисти од сферата на бизнисот, за тоа како најдобро да ги претстават своите идеи, како брзо и ефикасно да ги презентираат своите идеи пред инвеститори и клиенти, но и како од една обична идеја, да направат успешен бизнис. ШТО ДОБИВААТ СТАРТАПИТЕ: -       Претставете ја вашата идеја пред експертите од сферата на преприемништвото во Македонија и странство -       Создадете тим од специјалисти кои ќе ви помогнат да ја претворите вашата идеја во успешен бизнис -       Научете како најдобро да го презентирате вашиот проект, како да изградите МВП (Minimum Viable Product), кои се најважните работи кои треба да ги практикувате со цел да им бидете интересни за потенцијалните инвеститори -       Претставете ја вашата идеја или проект пред најдобрите стартап инвеститори во Македонија и на Балканот -       Обезбедете финансии за развивање на вашиот стартап бизнис. ШТО ДОБИВААТ КОМПАНИИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ: - Слушнете ги најдобрите старт-ап тимови, нивните идеи и иновации - Пронајдете го стартап-от кој може да го имплементира новото иновативно решение во вашата компанија - Бидете во чекор со светските трендови и компании и потикнете го претприемачкиот дух и иновирањето надвор од вашата компанија Статистика:
  • 42,8% од претпријатијата во Македонија спровеле некој тип на иновации во својата работа во периодот од 2010 до 2012 година;
  • 24.7% од претпријатијата имаат воведено иновација на производ и процес;
  • 46.4% имаат воведено организациски и маркетинг иновации;
  • 18.2% истовремено имаат воведено производ, процес, организациски и маркетинг иновации.
- Запознајте се со најдобрите експерти од Македонија и странство кои можат да ви помогнат во развојот на вашиот бизнис - Бидите во листата на првите македонски компании кои ќе се вклучат во активното развивање на претприемачкиот еко-систем во Македонија Регистрацијата за учесници е веќе отворена на следниов линк http://sw.mk/tickets , со цена од 1.860 ден.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив