16 Декември, 2025
0.1292

Стоби флипс оценет како втор најјак бренд во Македонија

Објавено во: Мои пари 05 Март, 2015 12:18

Добивај вести на Viber

Според анализата спроведена од Валикон, компанија што ја мери јачината на брендовите за широка потрошувачка, Стоби флипс на Витаминка е вториот најјак бренд во земјава. Вредноста на Стоби флипс е измерена во неколку категории, како: препознатливоста на брендот, лојалноста на купувачите, перцепираниот квалитет и асоцијациите врзани за брендот.

Интересен податок за ова истражување е тоа што во ранг листата на 5-те најјаки брендови, покрај Стоби флипс, присутен е само уште еден македонски бренд. Соодветно на тоа, македонските потрошувачи својата доверба ја даваат само на вистински докажаните и потврдени со квалитет брендови.

stobi flips

Стоби флипс за првпат е произведен во мај, 1978 година, како првата вкусна крцкава ужинка, наменета за сите генерации. Витаминка има произведено неколку милијарди кесички Стоби флипс и секоја од нив го има истиот неодолив вкус на кикирики. Од компанијата постојано го унапредуваат производот, но никогаш во насока да се промени вкусот, туку во насока на подобрување на квалитетот. Покрај основниот Стоби флипс вкус, компанијата во 2003 година ја продолжува извонредната програма со создавање на уште неколку вкусови под истиот бренд. Најпрво излегуваат Стоби флипс – пица и сирење, а потоа следува и проширување на линијата на снекс производи со ново подбренд име – Стоби рингс и Стоби стикс. Во 2012 година, Витаминка ги воведе Стоби рингс со вкус на скара и павлака - кромид и Стоби стикс со вкус на хот-дог и кечап. Надополнување на приказната на Стоби флипс е и приказната за Чоко Стоби флипс.

Препознатливоста на брендот доаѓа и од дизајнот на амбалажата, кој е речиси непроменет, па така амбалажата на Стоби флипс насекаде е препознатлива и веќе длабоко врежана во потсвеста на потрошувачите.

stobi flips 1

Компанијата Валикон е специјализирана во спроведување на истражувања и мерења на пазарот за широка потрошувачка (FMCG – Fast-moving Consumer Goods) на Ex-Yu пазарите. Секоја година ги публикува своите ранг-листи за потрошувачките трендови и за развојот на брендовите што се присутни во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив