Стојаноска: Џафери е шампион во кршење на Уставот
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2022
Oд ВМРО-ДПМНЕ реагираат откако спикерот Талат Џафери ја отфрли иницијативата за референдум за договорот со Бугарија.
Велат дека Талат Џафери си ја додели улогата на уставен судија.
Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието рече дека власта бега од соочување со народот.
„Џафери е шампион во кршење на Уставот за што не постои друг пример во светот. Иницијативата за референдум е во согласност со членот 24 од Ззаконот за референдум и не е во спротивност на Уставот, а тој член дозволува распишување на рефендуми“, изјави Стојаноска.
Таа потенцираше дека ова дополнително ќе ги заостри односите во Собранието за што виновна ќе биде власта.
„Не се работи за менување на меѓународен договор, референдумското прашање е дали сте за престанот на важењето на договор со Бугарија“, рече на вечерашната прес- конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието.
Од СДСМ рекоа дека Иницијативата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е директно насочена кон попречување на патот кон ЕУ, против македонскиот јазик во ЕУ и против заштита на македонскиот идентитет, македонската посебност. Според нив, тие сакаат да се вратиме назад во време на изолација.