Стоматолошката комора има нов претседател
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2018
Доктор Маријан Денковски е избран за претседател на Стоматолошката комора на Македонија.
На вчера одржаното Изборно собрание за Денковски гласале мнозинство од 47 присутни делегати.
Денковски доаѓа на местото на д-р Владимир Поповски, кој четири години раководеше со Стоматолошката комора.