29 Октомври, 2020
0.0352

Строги мерки за Европа, бара СЗО

Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Октомври, 2020

Вирусот се шири во Европа, и е потребно да се воведат строги мерки. 

Строгите мерки на ограничување се „апсолутно неопходни" за да се спасат животи, предупреди денес Светската здравствена организација (СЗО) откако на милиони луѓе во различни европски градови им беше соопштено дека се воведуваат нови мерки поради рекордниот број заразени со ковид-19, пишува Би-би-си.

Во Лондон од сабота ќе биде забрането дружење во затворени простории, а во девет француски градови ќе биде воведен полициски час.

Полска денес означи црвени зони во кои ќе бидат затворени училиштата и теретаните, вклучително и главниот град Варшава, а Чешка објави дека гради прва привремена болница за пациентите заразени со коронавирус.

„Епидемиолошката состојба во Европа е причина за голема загриженост. Дневните бројки на новозаболени се во пораст, како и бројот на хоспитализирани“, рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Ковид-19 сега е петта причина за смртноста во Европа, затоа што има бројка од 1.000 смртни случаи на ден.

„Иако бележиме два до три пати поголем број случаи дневно во споредба со пикот на епидемијата во април, бележиме и пет пати помалку смртни случаи“, рече Клуге.

Тој објасни дека дел од поголемиот број новозаразени може да се поврзе со поголемиот број тестови меѓу помладите луѓе. 

Пониската смртност може да се објасни со фактот дека вирусот се шири меѓу помладите и со самото тоа на помалку ранливите луѓе.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Европа има над 10 милиони заразени

Европа има над 10 милиони заразени

Нападите го натераа Макрон да распореди повеќе војници на улиците

Нападите го натераа Макрон да распореди повеќе војници на улиците

ПУТИН СЕ ПОЖАЛИ: Имаат проблеми при производство на вакцината против коронавирусот

ПУТИН СЕ ПОЖАЛИ: Имаат проблеми при производство на вакцината против коронавирусот

ЛИОН: Турците им се закануваат на Ерменците, извикуваа „Алаху акбар„ и „Ова е Турција“

ЛИОН: Турците им се закануваат на Ерменците, извикуваа „Алаху акбар„ и „Ова е Турција“

Во оваа држава се потврдени првите случаи на коронавирусот

Во оваа држава се потврдени првите случаи на коронавирусот

Втора исечена глава во Франција, овој пат во Ница: Маж со нож уби тројца во црква

Втора исечена глава во Франција, овој пат во Ница: Маж со нож уби тројца во црква

Меркел целосно ја затвора Германија од понеделник

Меркел целосно ја затвора Германија од понеделник

(ВИДЕО) Ерменците заробија арапски платеници кои војуваат во Нагорно - Карабах

(ВИДЕО) Ерменците заробија арапски платеници кои војуваат во Нагорно - Карабах

Франција ќе оди во карантин?

Франција ќе оди во карантин?