Талат Џафери ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на договорот со Бугарија
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2022
Собранискиот спикер Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на договорот со Бугарија.
Џафери во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски наведува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.
Пред четири дена ВМРО - ДПМНЕ ја достави иницијативата. Најавија дека доколку има забелешки во текстот, ќе ги отстранат.
ВМРО-ДПМНЕ предлага референдумско изјаснување со прашањето дали сте за престанок на важењето на Договорот за пријателство со Бугарија.
Инаку, ДУИ неодамна соопшти дека Договорот со Бугарија, Договорот од Преспа и Рамковниот договор се нивни црвени линии и тие мора да се почитуваат.