Талат Џафери: Заклетвата е легитимна, МВР веднаш да интервенира
Објавено во: Македонија 27 Април, 2017
Талат Џафери кој пред половина час беше избран за нов претседател на Собранието посочи дека заклетвата која ја дал е легална и легитимна и дека народото мора да ја почитува одлуката на парламентарното мнозинство. Тој побара од министерот за внатрешни работи Нихиу без оглед на која партија припаѓа да си ги изврши со закон предвидените должности да го обезбеди Собранието. На собраниот народ му порача да се повлече и да не предизвикува инциденти.