16 Октомври, 2024
0.1254

„ТАМУ ПОЧИНАА ПОВЕЌЕ ОД 4О ЖИВОТНИ ЗА ТРИ ГОДИНИ!“: Почина лавот Жика во ЗОО, лавина реакции за неговата смрт

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Со големо жалење и тага ве информираме дека денеска на 16годишна возраст не напушти нашиот лав Жика, кој во Скопје беше дојден од зоолошката во Белград, информираа вчера попладне од Скопската зоолошка градина.

„ Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16. Лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почна да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина беа извршени хируршки интеревенции и истите беа отстранети, но изминатите два дена состојбата се влоши и веднаш беше реагирано од страна на тимот на ЗОО Скопје, заедно со тимот на ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина. Сите заедно направивме се што можевме, лавот примаше терапија, но за жал не издржа .


Секогаш грациозен, со својата величенствена грива го привлекуваше вниманието на сите посетители. Го сакаа и децата и возрасните, а најмногу вработените. Ова е голема загуба за сите“, напишаа во соопштението на социјалните мрежи.


Веднаш по таа објава, се огласија граѓаните со реакции. Една од нив е и на Стефан Кирков, сопственик на продавница за миленичиња, кој сериозно ја обвини градоначалничката Данела Арсовска.

„Во Скопската ЗООЛОШКА градина денеска почина и лавот ЖИКА!

Хоророт во оваа установа продолжува спроведен од кадрите на Данела Арсовска!

Уште пред неколку месеци имав изјава каде укажував дека и ова животно е болно, манипулираа тогаш со демант ,манипулираат и сега! Жика скоро една година беше во тотална депресија со видливи рани по телото и инфекции!

Во прилог изјавата каде уште пред месеци апелирав, скринови од видеото коа лично го имав снимено и скрин од нивниот лажен демант.

За жал, Зоран Попов и Данела Арсовска за 3 години ја упропастија Скопје ЗОО, таму починаа повеќе од 40 животни за 3 години!!!

Крајот ви се ближи а потоа и одговорност !!!“, напиша Кирков на Фејсбук.




Фото: Стефан Кирков/Фејсбук


Можеби ќе ве интересира

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА НА ЛИЦЕ МЕСТО - се преврте комбе пред тунелот кај Велес, повредените однесени во болница

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА НА ЛИЦЕ МЕСТО - се преврте комбе пред тунелот кај Велес, повредените однесени во болница

РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: повиците кон обвинетиот на кој самиот му судел „му пресудија“

РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: повиците кон обвинетиот на кој самиот му судел „му пресудија“

НОВ ДИРЕКТОР НА АНБ: На оваа позиција доаѓа Бојан Христовски

НОВ ДИРЕКТОР НА АНБ: На оваа позиција доаѓа Бојан Христовски

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС ПРЕД ТУНЕЛОТ: сообраќајот е блокиран

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС ПРЕД ТУНЕЛОТ: сообраќајот е блокиран

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ШТЕДИ НА ГРБОТ НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ“: Јакимовски вели државата не им ги исплаќа предвидените средства

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ШТЕДИ НА ГРБОТ НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ“: Јакимовски вели државата не им ги исплаќа предвидените средства

„ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ИСТАТА ЛИЧНОСТ“: остра критика кон министерката Јаневска - „не е смешно, туку е трагично“

„ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ИСТАТА ЛИЧНОСТ“: остра критика кон министерката Јаневска - „не е смешно, туку е трагично“

МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР РАДУКОВ: На кои теми разговараа?

МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР РАДУКОВ: На кои теми разговараа?

ПЕТНАЕСЕТ ЦАРИНИЦИ И ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ УАПСЕНИ ПОРАДИ ПОТКУП ОД 20 ДО 150 ЕВРА - уапсените може да добијат до 10 години затвор

ПЕТНАЕСЕТ ЦАРИНИЦИ И ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ УАПСЕНИ ПОРАДИ ПОТКУП ОД 20 ДО 150 ЕВРА - уапсените може да добијат до 10 години затвор

ЖЕЖОВСКИ ГО НАШЛЕ НА НЕПРИСТАПНО МЕСТО - локацијата ја открил обвинетиот Велибор Манев, еве што кажа денешните сведоци

ЖЕЖОВСКИ ГО НАШЛЕ НА НЕПРИСТАПНО МЕСТО - локацијата ја открил обвинетиот Велибор Манев, еве што кажа денешните сведоци