24 Декември, 2024
0.0266

ЖЕЖОВСКИ ГО НАШЛЕ НА НЕПРИСТАПНО МЕСТО - локацијата ја открил обвинетиот Велибор Манев, еве што кажа денешните сведоци

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Судењето на обвинетите за убиството на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се следи со големо внимание. По денешното сведоштво на поранешниот помошник началник од Скопје, Музафер Каишиќ кој зборуваше за текот на истрагата за пронаоѓањето на Вања, се огласија и адвокатите на обвинетите. 

Според бранителите на дел од обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, не е јасно работењето на полицијата во врска со случајот во повеќе делови, како тоа што нема парафинска ракавица од обвинетите и тоа што други имаат повеќе снимки од нив во врска со настанот.

Според Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски, во обвинението нема зелена парафинска ракавица од ниту еден од обвинетите.

- Добро, луѓе, кога ќе се пукне на свадба се зема парафинска ракавица, во обвинението нема зелена парафинска ракавица од ниту еден од обвинетите. Уште една работа, не знам како здраворазумски би се коментирало. Началникот на полицијата е човек кој што ја водел целокупната истрага во овој момент, нема сознание и во никој случај ниту потврдува ниту демантира дали од самото зрно во кое што е пукано може да се утврди идентитет на оружје - рече тој.

Дополни дека според тоа, од испуканото зрно на двете жртви, може да се утврди сѐ. 

- Може да се утврди и идентитет на оружје, може да се утврди и чие е тоа оружје доколку се наоѓа во база на МВР. Обвинителството тоа го нема, нема такви податоци во самото обвинение - рече адвокатот.

Манев смета дека сведочењето на скопскиот началник било во најмала рака контрадикторно само по себе и води во теоријата на случајот дека буквaлно ниту еден од обвинетите нема врска со убиството.

- Сведочењето на вториот сведок на тогашниот началник на велешката полиција, исто води во насока на таквото тврдење барем во делот на снимките. Не појасни во ниеден случај ни колку луѓе биле, во колку коли ни дали постојат снимки од тие луѓе. Никаков податок не добивме ни од човекот кој ја води истрагата ни од началникот на велешката полиција. Затоа можам само да кажам дека се што чувме денеска не е во насока на откривање на вистината, туку буквално се контрираше самото Обвинителство со повикувањето на овие сведоци денеска - рече тој.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, посочи дека скопскиот началник не дал никаква аргументација на што се должи неговиот сомнеж во Александар.

- Од неговиот исказ видовме дека да не биле Александар и Гоце уште би се прашувале што се случува и уште не би имале епилог. Тој и неговите служби немаат преземено ништо во контекст на она што го налага криминалистичка профилација - рече адвокатот.

Дополни дека токму денешниот сведок, како што рече, е човекот кој го донел Александар на обвинителна клупа без ниту еден доказ. 

- Денеска ја слушнавме причината, онаа која и мене лично како бранител ме мачеше дека токму овој сведок е човекот кој го донел Александар на обвинителна клупа без ниту еден аргумент и доказ. Александар и Гоце сфатиле кој е ставот и односот на полицијата и тоа потврдува и она што е општо чувство на семејството дека немале апсолутно никаква доверба во полицијата и преку свои пријателски врски ја обезбедиле снимката за која секој обичен набљудувач доколку ја погледне снимката ќе воочи чудно движење на две возила, во однос на сите други возила - рече Туфегџиќ.

Според него, поразително е што началник на полицијата кажал дека нема никакви сознанија за наодите до кои стигнале Гоце и Александар.

Адвокатот посочи и дека е невистина тврдењето на началникот дека не се вршела тортура врз Александар.

На судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски денеска сведочеше поранешниот помошник началник од Скопје, Музафер Каишиќ кој зборуваше за текот на истрагата за пронаоѓањето на Вања. Во својот исказ тој денеска кажа дека до местото на настанот, каде што го пронашле телото на Вања, ги однел обвинетиот Влатко Кешишов.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше и поранешниот началник Ристе Самарџиев од Велес во врска со истрагата за исчезнувањето и убиството на Панче Жежовски. На прашања од обвинителката Жаклина Лазаревска, тој одговори дека Жежовски го нашле на непристапно место до кое е тешко да се дојде, ако некој не посочи, а на нив, како што кажа, им посочил обвинетиот Велибор Манев.

На минатото рочиште, во понеделникот сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков.

Мајката на убиената Вања Ѓорчевска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа. Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека го нема Жежовски, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. 

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува в петок, на 18 октомври. 

Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Снежно невреме предизвика хаос во делови од Македонија, но и во регионот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Снежно невреме предизвика хаос во делови од Македонија, но и во регионот

АХМЕТИ: Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги

АХМЕТИ: Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВЕЧЕРВА: Најлошо е во Кичево

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ВЕЧЕРВА: Најлошо е во Кичево

ЗАГЛАВЕНИ КАМИОНИ НА СТРАЖА: Има забрана за тешки товарни возила на сите превои

ЗАГЛАВЕНИ КАМИОНИ НА СТРАЖА: Има забрана за тешки товарни возила на сите превои

ЛДП: Да се забрани Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

ЛДП: Да се забрани Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

ОТИШОЛ ВО ДОЊЕЦК ЗА ПЛАТА ОД 3.000 ЕВРА: Притвор му е одреден на скопјанец

Обвинение за штипјанецот кој ја задави Емилија

Обвинение за штипјанецот кој ја задави Емилија

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДА МОЖАТ ПРЕДВРЕМЕ ДА ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА, СО 25 ГОДИНИ СТАЖ - барање на Независниот синдикат на полицијата

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал

Жена тешко повредена во Топанско Поле, возачот побегнал