28 Декември, 2024
0.0292

ТАЖНА СУДБИНА: Дино Мерлин ќе не забавува за Нова Година, а овие песни ги напишал по случките во неговиот живот

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Неговиот пат до ѕвезда каква што е денес ниту малку не бил лесен. Тешко детство, забранета љубов, недостаток на пријатели, заминување на најдрагите личности. Се тоа пејачот го забележал во неговите најголеми хитови.

Да, убаво прочитавте. Дино Мерлин е човекот и кој најлудата ноќ ќе ги забавува Скопјани на плоштадот „Македонија“ .

Бројните песни со кои многумина страдале и жалеле за несреќните и изгубени љубови настанале во работилницата на Мерлин и многу од нив ги следат интересни животни ситуации со кои во текот на својот живот пејачот се среќавал.

Ви донесуваме некои од најинтересните приказни. А вие уживајте и споделете ги со вашите пријатели.

Денес, Дино Мерлин се смета за една од најголемите ѕвезди на овие простори и ужива благосостојба, но потекнува од сиромашно семејство. Татко му бил алкохоличар, а мајка му Була. Имал проблем во комуникацијата со неговиот татко, кој го напуштил семејството кога Мерлин бил дете.

Ова животно искуство го инспирирал да ја напише песната „Kad Ti Dođem Nesrećo“.


Љбовната приказна на Мерлин и неговата сегашна сопруга Амела била многу комплицирана. Неговата сопруга потекнувала од богато семејство, па нејзините родители биле против нивната врска и не и дозволувале да  се омажи за него. Додека Дино одел на занает, таа посетувала средно училиште, па така нејзините родители сакале таа да се забавува со некој на нејзино ниво. Сепак, љубовта била посилна, па тие побегнале кога имале 20 години и таа тајно се омажила за него.

Денес вели дека нејзините родители го сакаат повеќе од што заслужува, а нивната љубовна приказна го инспирирала да ја напише песната „Kad Si Rekla Da Me Voliš“.


„Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. После пет години тајно се венчавме. Тоа беше романтична свадба, иако буквално ја киднапирав сопругата. Со нас беа само мојот кум и сестрата на Амела која беше кума. Говорот на матичарката беше предолг, а јас постојано гледав кон вратата за никој да не влезе и да ни ја расипе среќата. По венчавката заминавме на патување во Дубровник, а кога се вративме, се преселивме кај мајка ми и веднаш го почувствувавме ударот на секојдневието. Мене ме чекаше голема одговорност за семејството и тешка работа, а родителите на Амела беа толку лути што половина година не сакаа ни да чујат за неа. Но, ете времето лечи се па денеска нејзините родители ме сакаат и повеќе од што заслужувам-рекол при една прилика Мерлин.

Освен родителите на Амела и пријателите на Мерлин биле против нивната врска. Мислеле дека губи време со неа, и дека таа не е соодветна за него бидејќи бројни препреки биле помеѓу нив и дека нема да успеат да ги победат. Нивните совети дека таа не е девојка за него, Мерлин ги вткал во песната "Paša Moj Solidni".


Откако се оженил со Амел, Мерлин морал да се грижи за своето семејство и да се бори за да заработи пари.

Во една прилика, неговата сопруга го прашала дали донел нешто да јаде, а тој мавтал со парче хартија во раката и и кажал како напишал песна.

„Дали си луд? Хартијата не се јаде“, му рекла тогаш на нејзиниот сопруг.

На хартијата се наоѓала песната "Kokuzna Vremena"“, која завршила на неговиот прв албум и беше пресвртна точка во неговиот живот.


Песната "Da te nije Alija" е посветена на најдобриот другар и сосед на Мерлин Алија Миладин кој бил единствен покрај него кога бил „никој и ништо“ а не покојниот претседател на БиХ Алија Изетбеговиќ, како што мислат многумина.

Неговиот другар подовна загинал во војната, тогаш настанале стиховите на песната "Ja bi svjetlom zvao mrakom da te nije Alija". Алија единствен верувал во неговиот талент и го бодрел, додека другите го понижувале.


Еден од неговите најголеми хитови,  "Moj Je Život Švicarska"  настанал исто така како „последица“ на една интересна ситуација. 

Мерлин како момче, кога бил сиромашен, сакал девојка за која се покажало дека била спонзоруша. Го напуштила и заминала со богат дечко во Швајцарија.

Кога се прославил, таа се вратила во Сараево поради него, а тој и ја испеал оваа песна за прв пат: „Imam sve što poželim, samo jedno ne, da me neko bar na tren voli zbog mene!“ .

Во еден период од својот живот Мерлин завршил на лекување во Германија.


Бил на психијатрија, се му се собрало на душа и тогаш ја напишал песната  "Ja Potpuno trezan umirem".


Мерлин бил искучително слаб на својата мајка која имала многу турбулентен однос со неговиот татко, кој ги напуштил.

Откако починала, и ја посветил песната  "Nedostaješ".


-Тоа за жал е вистина, дури кога изгубиш некој драг, дури тогаш го бараш, кога умре, иако си свесен дека никогаш нема да го вратиш“, рекол Мерлин при една прилика.



Можеби ќе ве интересира

ДЕСПОТОВСКИ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Обвинителство побарало мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ

ДЕСПОТОВСКИ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Обвинителство побарало мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ

„МУ СТАВИЛЕ МОТОРНА ПИЛА ПОД ВРАТОТ“: се огласи ОЈО за нападот врз шумските полицајци, бара притвор и мерки за претпазливост

„МУ СТАВИЛЕ МОТОРНА ПИЛА ПОД ВРАТОТ“: се огласи ОЈО за нападот врз шумските полицајци, бара притвор и мерки за претпазливост

РУСИЈА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ГАС ВО МОЛДАВИЈА: Долгот не е платен

РУСИЈА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ГАС ВО МОЛДАВИЈА: Долгот не е платен

„НАМЕРНО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА“: Деспотовски негира дека е уапсен, еве што објави

„НАМЕРНО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА“: Деспотовски негира дека е уапсен, еве што објави

„Не смеат да се толерираат двојни стандарди“: поранешниот министер за права со посебна порака

„Не смеат да се толерираат двојни стандарди“: поранешниот министер за права со посебна порака

ПУТИН СЕ ИЗВИНИ ЗА „ТРАГИЧНИОТ“ АВИОН: Не признава одговорност

ПУТИН СЕ ИЗВИНИ ЗА „ТРАГИЧНИОТ“ АВИОН: Не признава одговорност

„УШТЕ 9 ДЕЛА И НЕ МУ БЕГА ДОМАШЕН ПРИТВОР“: бурни реакции во јавноста по новото обвинение за Рамиз Мерко

„УШТЕ 9 ДЕЛА И НЕ МУ БЕГА ДОМАШЕН ПРИТВОР“: бурни реакции во јавноста по новото обвинение за Рамиз Мерко

НОВ ЕКСТЕМЕНО ЛАДЕН БРАН ПО НОВА ГОДИНА - синоптичарите најавуваат температури длабоко под нулата

НОВ ЕКСТЕМЕНО ЛАДЕН БРАН ПО НОВА ГОДИНА - синоптичарите најавуваат температури длабоко под нулата

„НАЈАВУВАА 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ“: СДСМ со остра реакција 'ветувањата се покажаа како една голема лага'

„НАЈАВУВАА 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ“: СДСМ со остра реакција 'ветувањата се покажаа како една голема лага'