Телеком Австрија Групацијата –лидер во трансформацијата на телекомуникацискиот пазар
Објавено во: Мои пари 04 Март, 2015 13:15
Главниот технички директор на Телеком Австрија Групацијата Гунтер Отендорфер гинајави плановите за нова мрежна архитектура, истакнувајќи дека четири подружници на Групацијата, меѓу кои и македонскиот Вип оператор, веќе успешно ги тестираат технолошките иновации за пренос на глас преку LTE мрежата и преку WiFi
Телеком Австрија Групацијата на најголемиот светски настан на мобилната индустрија – Светскиот конгрес во Барселона, се претстави како „пионер“ во процесот на трансформација на телекомуникациите. Главниот технички директор на Групацијата, Гунтер Отендорфер, на дебатата за „Мрежната еволуција во пракса“ го презентираше сценариото на иднината на мрежната архитектура.
Нарекувајќи ја како „мрежна декларација на независноста“, Отендорфер истакна дека „Идната основна софтверска платформа поставена на пан-европски Cloud основи ќе биде целосно независна од хардверот и од спецификите на географската локација. Таа ќе овозможи целосно автоматизирани мрежни операции,кои на крајните корисници ќе им отворат сосема нови предели и искуства во телекомуникациите“.
Четири компании кои се дел од Телеком Австрија Групацијата, меѓу кои е и Вип оператор, веќе спроведува серија успешни проби на коцептот за Глас преку LTE мрежата и преку WiFi (VoLTE и VoWiFi), засновани врз целосно виртуелно решение базирано на Виртуелизацијата на мрежните елементи (NFV), со што прераснува во лидер на трансформацијата на телекомуникациите.
„Напредната 4Г ЛТЕ мрежа и пенетрацијата на моќни мобилни уреди кои поддржуваат VoLTE широко ги отвораат можностите за технолошки иновации и држење чекор со современите комуникации на глобален план. Нам, во Македонија ни е особено задоволство што Вип е меѓу првите оператори во регионот кои успешно го тестираат VoLTE, со што придонесуваме кон стратегијата за иновации на Телеком Австрија Групацијата, а на македонските корисници им ги правиме достапни решенијата кои ја дефинираат иднината на телекомуникациите“, истакна Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор.
Вип оператор неодамна ја зголеми покриеноста со својата 4Г ЛТЕ, која сега ги опфаќа градовите Скопје, Куманово, Штип, Охрид, Струмица, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци, Кочани и Струга, со што останува 4Г ЛТЕ мрежа со најголема покриеност во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк




