Добивај вести на Viber
Градот Скопје за 116 000 евра бара компанија која ќе ги реализира зафатите за осветлување на една од скопските улици во централниот дел на Скопје. По спроведената електронска аукција, на јавниот повик се јавила фирмата Бетон.
“Најниска цена од 107 050 евра на е-аукцијата поднесе понудувачот Друштво за градежништво Бетон, Акционерско друштво Скопје. Конечната одлука за оваа постапка ќе ја донесе одговорното лице“, информираат од град Скопје.
Осветлувањето по цена поголема од сто илјади евра, треба да се спроведе на улицата “Димитар Влахов“, од булеварот “Филип Втори Македонски“ до булеварот “Крсте Мисирков’. Се работи за јавна набавка за осветлување, која како што информираат од град Скопје били согласно дополнувањето на Основниот прокет за одржување на скопската улица. Проценетата вредност на зафатот изнесува повеќе 116 илјади евра, без ДДВ. По оддржаната аукција, градските валсти треба да соопштат дали скопски Бетон ќе ја добие оваа зделка. Јавната набавка се спроведе преку отворена постапка а како клучен критериум беше најниската понудена цена.