18 Ноември, 2024
0.0310

ТЕНЗИИ ВО ВРВОТ НА ЛДП: Ќе има ли смена на Моника Зајкова?

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Внатрепартиските тензии во Либерално-демократската партија (ЛДП) се интензивираат, со сѐ погласни барања за смена на актуелната лидерка Моника Зајкова. Противничкото крило, незадоволно од изборните резултати и насоката во која се движи партијата, најавува засилени активности за промена во раководството.

Како што наведува ТВ 24, дел од иницијаторите за смена велат дека Зајкова мора да преземе одговорност за изборните резултати и бараат свикување на вонредно партиско собрание. Според нив, партијата нема јасна стратегија, додека лидерот „седи во опозицијата, а кокетира со власта“.

„Една од главните причини за свикување на собрание е тоа што не знаеме партијата на каде се движи. Нашата лидерка сè уште седи од едната страна, а намигнува на другата страна и бара поддршка за локалните избори. Нашиот став е дека треба да одиме сами на изборите, како што отидовме и на претходните, каде што ќе можеме да бидеме препознатливи со наша програма и политики,“ изјави Андреј Крстевски од ЛДП.

Опонентите тврдат дека Зајкова, двапати, како што велат, на „шверцерски начин“ барала поддршка од Централниот одбор, но сметаат дека вистинската легитимност доаѓа само преку партиско собрание. Некои од иницијаторите дури се подготвени да ја поддржат Зајкова, доколку презентира квалитетна програма.

Од друга страна, Зајкова ги отфрла обвинувањата и инсистира дека Централниот одбор е единствениот орган што може да одлучи за свикување на партиско собрание. Таа истакна дека на последната седница во петокот, Централниот одбор утврдил нерегуларности и злоупотреба на потписи во иницијативата за вонреден конгрес.

„Централниот одбор е тој кој ја носи одлуката за свикување на собрание. Имавме гласање на доверба на крајот на мај, а сега повторно, по иницијативата, се нотираа злоупотреби. Овие прашања за нас, либерал демократите, се затворени, но не е затворено прашањето за сите оние кои преку лоши намери пробале да манипулираат,“ изјави Зајкова за ТВ 24.

Таа категорично негира дека „кокетира со власта“ и нагласува дека партијата настапува независно, со своја политика. Зајкова потсети дека има мандат уште две години, а опонентите од раководните структури веќе биле разрешени од Централниот одбор.

Додека крилото што бара промени планира да го прошири својот став и внатре во партијата и надвор од неа, Зајкова е уверена дека постапува во согласност со правилата. Следните чекори на двете страни ќе покажат дали ЛДП ќе се соочи со длабока криза или ќе успее да најде компромисно решение.


Можеби ќе ве интересира

НЕКОЛКУ ГРАДА СЕ ВО ВИОЛЕТОВА БОЈА: Воздухот вечерва екстремно загаден

НЕКОЛКУ ГРАДА СЕ ВО ВИОЛЕТОВА БОЈА: Воздухот вечерва екстремно загаден

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ МЛАДО МОМЧЕ: Кршел покуќнина и ја тепал својата мајка

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ МЛАДО МОМЧЕ: Кршел покуќнина и ја тепал својата мајка

ЕКСТРАДИЦИЈА НА ДЕМИРИ И ИСМАИЛОВИЌ: Што вели Курти за ова прашање?

ЕКСТРАДИЦИЈА НА ДЕМИРИ И ИСМАИЛОВИЌ: Што вели Курти за ова прашање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ОДГОВОР ЗОШТО СТОИЛКОВИЌ НЕ ОТИДЕ ВО КОСОВО: Гореше од желба да дојде, но не стигна поради обврски

МИЦКОСКИ ДАДЕ ОДГОВОР ЗОШТО СТОИЛКОВИЌ НЕ ОТИДЕ ВО КОСОВО: Гореше од желба да дојде, но не стигна поради обврски

СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Останува суспензијата за Мустафа Хајрулахи

СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Останува суспензијата за Мустафа Хајрулахи

ДАЛИ И ШТЕКЛИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЗЕМЈАВА: Еве каква порака остави Раде Трајковски на социјалните мрежи, ама и негова фотографија

ДАЛИ И ШТЕКЛИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЗЕМЈАВА: Еве каква порака остави Раде Трајковски на социјалните мрежи, ама и негова фотографија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦАТА КИЧЕВО - наместо да го користи, си го присвоил ехо апаратот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦАТА КИЧЕВО - наместо да го користи, си го присвоил ехо апаратот

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА КОЛАПСОТ НА ЈСП: Претпријатието нема нафта?

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА КОЛАПСОТ НА ЈСП: Претпријатието нема нафта?

ЕДЕН ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СО КОСОВО? Еве што најавува Мицкоски

ЕДЕН ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СО КОСОВО? Еве што најавува Мицкоски