04 Октомври, 2024
0.0465

„Тетекс“ живее од дивиденда, од конфекцискиот бизнис е во минус!

Објавено во: Економија 12 Август, 2015

Добивај вести на Viber

„Тетекс“, најпознатата македонска текстилна компанија,  првата половина од годинава е во загуба од основната дејност, но загубата ја покри и периодот го заврши со добивка благодарејќи на финансиските приходи – пред се дивидендата од 33 милиони денари, откриваат податоците однеконсолидираните биланси што ги објави таа голема македонска компанија.

Според достапните податоци од паричниот тек „Тетекс“ во првите шест месеци од дивиденда има прилив од 33 милиони денари (над 500.000 евра). Во билансот на успех под ставката финансиски приходи „Тетекс“ има приливи од 33,2 милиони денари, најголем дел од нив се дивиденда, а сите или поголем дел се дивиденда од акциите во ТТК Банка каде конфекционерите имаат над 40 отсто од капиталот. Наспроти нив, финансиските расходи изнесуваат само 0,6 милиони денари што значи дека позитивната разлика меѓу овие две ставки е 32,6 милиони денари.

Од своето оперативно работење „Тетекс“ и покрај подобрените приходи од продажба не успеал да остане на позитивна нула во првата половина од годинава. Приходите од продажба се 112,6 милиони денари и се за 10 отсто повисоки од приходите од продажба за првото полугодие лани. На домашниот пазар „Тетекс“ во првите шест месеци продал стоки во вредност од 54,3 милиони денари што е за 6 отсто повеќе од лани, а на странските пазар пласирал 58,3 милиони денари што е за 13 отсто повеќе од лани.

Во споредба со првиот квартал годинава кога приходите од продажба на „Тетекс“ биле 57,2 милиони денари, во вториот квартал „Тетекс“ има послаб пласман за 1,8 милиони денари што е послабо за 3,2 отсто на квартално ниво.

На расходната страна во првите шест месеци „Тетекс“ има трошоци од 144,2 милиони денари и тие се за 25 отсто пониски воспоредба со трошоците од истиот период лани.

Обврските на компанијата за првите шест месеци изнесуваат 149,1 милиони денари и тие се за 36 отсто пониски од обврските истиот период лани. Позитивен тренд односно пад на обврските има и спрема добавувачите и тоа за 24 отсто од однос на лани и тие изнесуваат 30,9 милиони денари. Останатите краткорочни обврски изнесуваат 56,7 милиони денари и тука има евидентен раст зашто лани „Тетекс“ немал такви обврски. За истакнување е тоа што компанијата нема долгорочни обврски и тоа е многу добра вест за сите инвеститори.

„Тетекс“ е уште во меморијата на инвеститорите по тоа што, на изненадување на многумина, годинава во два наврати делеше дивиденда на своите акционери, нешто што досега во една календарска година го направила само Цементарницата „Усје“.

Воедно „Тетекс“ трејдерите го паметат и по тоа што на почетокот на годинава плати 100.000 евра, купи сопствени акции кои потоа ги поништи. Според официјалните податоци од Централниот депозитар на хартии од вредност „Тетекс“ има над 1.200 акционери домашни физички лица кои поседуваат над 90 отстоод акциите со право на глас. Најголем поединечен акционер е Глигорие Гоговски кој поседува 12,54 отсто од сите акции издадени од „Тетекс“.

Е.М

Можеби ќе ве интересира

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија