„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА СЕ СЕСТРИЧКЕ“: Перо Камиказа со емотивна објава - „замина и мојата учителка“
Објавено во: Македонија 08 Септември, 2024
Нашиот познат музичар, но и некогашен кандидат за градски татко со емотивна објава се опрости од својата сестра, која ја нарече и „учителка“.
Како што сподели самиот на социјалните мрежи, по кратко боледување починала неговата сестра, и како што споедели, заминала во рајот.
- Вчера си замина во рајот и сестра ми. По кратко боледување замина и мојата „учителка“ (постара сестра). Од неа научив еден куп работи, кој ја красат мојата личност и се основен белег на моето постоење!
Го разбуди поетот во мене, секогаш беше праведен критичар на се што правев низ годините! Тивка, не наметлива и со многу љубов до последниот здив, беше моја и ваша Мирјанка!
Во една година ве изгубив и тато и тебе, но ако ништо друго, спомените и вашите убави души, оставија богато емотивно и човечко азно за сите нас! Да не должам повеќе!
Утре 9 ти септември, понеделник во 11 часот, ќе и оддадеме должна почит на Мирјана.
Во капела на градските гробиша во Бутел, сите кој сакаат можат да се простат од Мирјанка за последен пат! П.С.
Оваа ноќ беше „најдолгата ноќ “ за мене, но во суштина кратка беше, оти за цело време си „беседев“ со сестра ми (сполај ти боже за можноста)!
Почивај во мир сестричке. Златната медаља од денешната трка во Маврово со точаци ти ја посветувам со цело срце и душа, мила сестричке. Ти благодорам за се Сестричке.
Фото: Принтскрин/Фејсбук