ТИМ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ШУТКА ИСТРАЖУВА ДАЛИ СЕ ПОЧИТУВААТ ПРАВАТА НА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ НА ВАЊА И ПАНЧЕ - оттаму велат: Постапуваме неселективно
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2023
Како што е познато, станува збор за Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, како и на осомничените за помагање, Александар Ѓорчевски и Стефан Димковски. Исто така, она што и е познато на јавноста е дека Манев, Кешишев и Видевски признале вина, односно каква била нивната улога при киднапирањата и убиствата. Дел од јавноста се сензибилизира на вакви информации, со оглед на сериозноста на делата за кои овие луѓе се осомничени. Инаку, треба да се има предвид дека деновиве се огласија и адвокати, кои нагласуваат дека колку и да се сериозни наводите за кои се сомничат овие луѓе, нивните човекови права треба да се почитуваат. Од Народниот правобранител потврдија дека ја извршиле посетата. На наше прашање зошто од Институцијата на народниот правобранител решиле да ги посетат, од Канцеларијата на Народниот правобранител објаснуваат дека токму таа институција треба да посветува внимание на заштита на правата на лицата лишени од слобода, и дека можат да се вршат такви посети и разфговори во секое време. Но, од Канцеларијата на Народниот правобранител тврдат дека никогаш не постапуваат селективно и дека работат без ничие влијание. „Во рамките на своите овластувања народниот правобранител
меѓу другото има законска обрвска посебно внимание да посветува на заштитата на
уставните и законските права на лицата лишени од слобода. За таа цел народниот
правобранител може во секое време без најава и одобрение да изврши увид и да
рзаговара со лицата сместени во овие места, без присусутво на службени лица
вработени во установата. Дополнително народниот правобранител - национален
превентивен механизам има надлежност редовно да го испитува постапувањето кон
лицата лишени од слобода и да дава препораки на релевентните органи со цел
подбрување на постапувањето и условите во местата за лишување од слобода. Прземемањето
на овие дејствија е континуитет во работата на народниот правобранител и тоа
како по поединечни преставки, така и по сопствена иницијатива. Притоа народниот
правобранител воопшто не постапува селективно и нееднакво и без никакво
влијание од страна, посебно што станува збор за сензитивна група на лица (
лишени од слобода) и што институцијата е едниствената која има вакви
надлежности. При својата работа народниот правобранител во ниту еден сегмент не
ја попречува истрагата што кон овие лица ја водат надлежните органи, ниту пак
ја прејудицира нивната одговорност /неоодговорнсот за делата кои им се ставаат
на товар“, се вели во одговорот кој го добивме од оваа институција. Оттука, како што велат од Народниот правобранител, неспорен е заклучокот дека Народниот правобранител
во никој случај при преземањето на неговите дејствија не се раководи од тоа
дали лицата на кои им е ограничена слободата на движење се познати на
јавноста. Впрочем и Годишните извештаи на народниот правобранител во делот казнено-поправни
и воспитно поправни установи, како и на Националниот превентивен механизм, се темелат на утврдени состојби согласно
овие континуирани посети. „Во овој сегмент воопштно не е спорно дека народниот правобанител
за превемање на вакви декствја во изминатиот временски период повод му биле,
покрај барањата на адвокатите или блиските лица лишени од слобода, и
информациите објавени во јавноста“, се вели во одговорот од Народниот правобранител испратен до медиумите. Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.