16 Декември, 2025
0.0492

Тито Петковски: Грците се итри

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2018 17:48

Добивај вести на Viber

Тито Петковски останува на чело на Нова социјалдемократска партија (НСДП) откако над 400 делегати го поддржале неговиот реизбор, на партискиот конгрес што се одржа денеска во Скопје. Против изборот на Петковски, според првичните информации, гласале 16 делегати, а имало и дваесетина неважечки ливчиња.

Пред неколку недели Централниот одбор на НСДП го утврди Петковски како единствен кандидат за претседател, а на денешниот конгрес не поминал предлогот за уште еден кандидат кој сам се номинирал, ама не добил поддршка да влезе во трката. На четвртиот конгрес на НСДП присуствувале околу 460 делегати, кои избрале и нови органи на партијата, односно централен и надзорен одбор.

Петковски се осврна и на спорот за името, велејќи дека сме блиску до решавањето на ова прашање, и предупреди  дека Грците се одлични трговци и уште подобри преговарачи.

„Не верувам во овие гушкања, добри пораки и срдечни поздрави, затоа што Грците се итри. Тие се одлични трговци и уште подобри преговарачи. Јас тоа не го кажувам првпат. Грчката официјална политика, грчката држава отсекогаш, особено од осамостојувањето, не сакала да постои ниту македонски јазик, ниту македонска држава. Доколку сега има созреани кругови коишто имаат влијание во грчката политика, се однесуваат онака како што говорат, мислам дека сме блиску до решавањето на ова прашање”, рече Петковски.


Можеби ќе ве интересира

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“

SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот