Тодор Анѓушев: Потребно е да се градат разновидни обновливи извори на енергија
Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2022 15:37
На првиот Балкански економски форум, кој денес се одржува во Скопје, Тодор Анѓушев, директорот на компанијата ЕМС, членка на групацијата Феро Инвест, ја истакна важноста на обновливите извори на енергија за зголемувањето на производството на електрична енергија во Северна Македонија.

Зборувајќи на панелот „Согледувања за побрза енергетска транзиција на Балканот“, Анѓушев, кој е и претседател на Групација за обновливи извори на енергија во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, посочи дека нашата држава е зависна од увоз на деривати и енергија и поради тоа потребно е да се овозможат услови за изградба на сите видови на обновливи извори.

На прво место да се искористи потенцијалот за изградба на хидроелектраните, за ветерните електрани, електраните на био гас и на био маса, како и за фотоволтаичните електрични централи, а изградбата на сите обновливи извори би требало да се спроведува плански, внимателно и согласно Стратегијата за енергетика, подготвена од МАНУ.
Групацијата Феро Инвест и сестринската групација ЦентралИнвест, во сопственост на семејството Анѓушев се познати по инвестирање во обновливите извори и во своето портфолио имаат 25 мали хидроелектрани со над 22 мегавати инсталиран капацитет и фотоволтаична електрана со моќност од 8 мегавати, а во моментот во изградба е централа на био гас со инсталирана моќност од 2 мегавати, а паралелно работат и на изградба на други капацитети од обновливи извори за други компании.
Можеби ќе ве интересира
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“




