Добивај вести на Viber
Cиноќа на седница на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), која се одржа во аргентинскиот главен град Буенос Аирес, во финалниот круг на гласање, е одлучено Летните олимписки игри 2020 година да се одржат во Токио. Во решавачкото гласање Токио доби 60 од можните 96 гласови.
Така главниот град на Јапонија по вторпат ќе биде домаќин на најдобрите спортисти од целиот свет. Првиот пат беше домаќин во 1964 година.
Конкурент на јапонскиот град беше Истанбул, но тешко беше за очекување по 2012 и Лондон, игрите повторно да бидат во Европа.
Во првиот круг на гласање испадна Мадрид, откако имаше со Истанбул по 26 гласа и во прегласувањето беше 49-45 за турскиот град. Токио тогаш доби 42.
Следните Летни олимписки игри ќе се одржат во 2016 година во Рио де Женеиро, Бразил.