ТОШКОВСКИ: Политички лешинари, преку црквата во Галате, предизвикуваат меѓуетнички тензии
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2024
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска во интервју за телевизија Телма изјави дека настаните со црквата во Галате се прв доказ со конкретен настан дека некој се обидува да предизвика дестабилизација.
„Политички лешинари, преку црквата во Галате, предизвикуваат меѓуетнички тензии, што е доказ за предупредувањата за дестабилизација“, вели Тошковски.
Додаде дека полицијата ќе преземе мерки за да спречи обиди за ширење на меѓуетнички тензии.
Полицијата вчера приведе две лица, а по обавен разговор, тие се пуштени.
Градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани рече дека тензиите ги направиле лица од соседни општини.